Author: Author 04

Мицкоски најавува големи промени и реорганизација, и во Владата и во партијата, се вели во соопштението од СДСМ. „Во Владата ќе биде козметика. Ќе менуваат имиња, ќе прават фотосесии, ќе ни продаваат „нова енергија“.  А зад сè ќе остане истото, Мицкоски и неговата криминална група кои водат во изолација и продолжуваат со кражба. Во партијата, пак, ќе биде чистка. Како и со потпретседателите. Ќе ги отстрануваат сите кои не се 100% лојални, кои не се дел од фан-клубот на Мицкоски. Ќе останат само оние кои безусловно го слушаат, кои не поставуваат прашања и кои се спремни да ја бранат истата…

Повеќе

Полицијата во моментов спроведува голема акција и претреси поради сомнежи за сериозен финансиски криминал тежок околу 350.000 евра, дознава Press24. Според првичните и сè уште неофицијални информации, истрагата е насочена кон злоупотреби поврзани со јавни набавки. Како што дознаваме, предмет на истрагата е „тендерот за одржување на терминалите и царинските простори“. Во моментот на терен се одвиваат засилени полициски активности и се прибираат материјални докази. Поради специфичноста на акцијата и законските процедури, досега нема официјално приведени лица. Локалните извори брифираат дека осомниченото лице Стефан Богоев „не е приведено официјално сè уште бидејќи во моментов трае претрес“ на неколку локации. Надлежните…

Повеќе

Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу лицата опфатени со акцијата е и Александар Спирковски, познат како Џемо, со живеалиште во Прилеп.Осомничените, според информациите, се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и сомнежи за незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка. Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а…

Повеќе

Владата денеска го усвои и го презентираше Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој во својот фокус го има намалувањето на невработеноста и зајакнувањето на вкупната економска активност во земјава. Документот предвидува сет мерки насочени кон зголемување на вработеноста, подобрување на условите на пазарот на трудот и поттикнување на домашната економија преку нови инвестиции и активни политики за вработување. Новите економски мерки на прес-конференција ги образложија првите луѓе на ресорното министерство и на надлежната државна агенција. Планот беше претставен од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Аднан Ејуп,…

Повеќе

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не“, велат од СДСМ. „Па да му објасниме. Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот СДСМ, оној што сруши режимот заедно со граѓаните, што овозможи враќање на слободата и демократијата, и независни судови и обвинителство коишто го осудија најголемиот криминалец во Македонија, Груевски, кој е во бегство.…

Повеќе

Општина Карпош ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение, а влезот на новоотворениот базен за сите ученици од оваа општина ќе биде целосно бесплатен, најави денеска заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Новиот спортски објект денеска беше свечено пуштен во употреба, а неговите димензии и карактеристики се целосно прилагодени за потребите на најмладите. Базенот е широк девет метри, долг е 25 метри, а длабочината му е од 0,8 до 1,2 метри. Локалните власти истакнаа дека целта на овој проект е масовно вклучување на децата во спортските активности и правилен физички развој. „Го преземаме како Општина Карпош…

Повеќе

Светската метеоролошка организација (СМО) при Обединетите нации предупредува дека во наредните месеци постои можност за развој на умерен до силен Ел Нињо феномен, кој може да предизвика значително зголемување на глобалните температури и појава на поекстремни временски услови ширум светот. Овој климатски пореметувач е добро познат по својот капацитет целосно да ги измени временските прилики на неколку континенти одеднаш. Според Светската метеоролошка организација (СМО), Ел Нињо претставува периодично затоплување на површинските води во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, кое обично трае меѓу девет и 12 месеци. Организацијата наведува дека актуелните океански услови веќе укажуваат на негово засилување. Прогнозите…

Повеќе

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана. Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана Во Скопје две лица управувале возило без возачка дозвола и по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и во Кичево возеле без возачка дозвола. Едно лице во Скопје и едно во липковско возеле и покрај тоа што…

Повеќе

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Мерката стапува на сила веднаш и ќе ги опфати клучните месеци од претстојната летна и есенска туристичка сезона. „Од Министерството информираат дека мерката е насочена кон заштита на човечките животи, намалување на ризикот од несреќи и обезбедување непречено користење на езерските води во текот на летната сезона“, се наведува во соопштението. Според одлуката, пловидбата на скутери ќе биде ограничена во периодот од 1 јули до 31 август…

Повеќе

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М.(24) и А.М.(21), двајцата од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 13.11.2025 кај место викано „Вила вон град“ во Кочани, пријавените со тврди и метални предмети го нападнале Џ.С.(30) од Крива Паланка, при што му го оштетиле неговото патничко возило. Исто така, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против Џ.С.(30) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. Истиот ден на место викано „Вила вон град“, пријавениот со употреба на сила го ставил…

Повеќе