Поради планирани технички интервенции на дистрибутивната мрежа, утре (06.11.2026 година) повеќе населени места, улици и индустриски зони во општините Гази Баба и Илинден привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Првиот прекин ќе започне рано наутро во 04:30 часот и ќе трае до 05:30 часот поради интервенција во ТС 110/10кВ Исток. Во овој период без струја ќе бидат корисниците од населбите Маџари, Синѓелиќ, Хиподром, Камник, селата Трубарево, Јурумлери, Арачиново и Стајковци, како и индустриската зона во Маџари.
Потоа, во текот на денот ќе следат неколку дополнителни прекини на следните локации:
- Од 08:30 до 11:30 часот: дел од улиците „Лазар Поп Трајков“ и „16-та Македонска Бригада“ во Автокоманда, поради чистење, долевање масло и проверка на расклопната опрема во ТС Автокоманда 16.
- Од 08:55 до 12:55 часот: дел од улицата „Мршевци“ во село Мршевци (Општина Илинден), поради реконструкција на нисконапонската мрежа.
- Од 09:15 до 13:15 часот: село Брњарци, како и објектите на ЗИК Краварство, Давос, Арс Комерц и Еуролес, поради замена на дрвен столб, конзоли и изолатори на 10 кВ далековод.
- Од 12:00 до 15:00 часот: дел од улиците „Габреш“, „Лазар Поп Трајков“ и „Ташко Караџа“, поради сервис и одржување во ТС Автокоманда 15.

