- Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
- ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница
- Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец
- ДИК: Јахији победник, разликата само 265 гласа
- Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
- МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
- ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
- Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
Author: Author 04
Сериозен инцидент се случил вчера околу 10 часот наутро во основно училиште во Белград, кога ученик од шесто одделение ја изгубил свеста за време на опасна „игра“ во училишната соблекувална. Инцидентот се случил за време на часот по физичко образование. Двајца дванаесетгодишни ученици од истиот клас биле во соблекувалната кога едниот предложил да го задави другиот со рацете, на што вториот се согласил. За време на овој опасен чин, момчето кое било давено ја изгубило свеста, по што започнала да му тече крв од носот. Сфаќајќи ја сериозноста на ситуацијата, другиот ученик веднаш го известил наставникот по физичко образование, кој…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, утре (16 октомври) ќе престојува во посета на Општина Гази Баба. Според официјалната најава, премиерот Мицкоски во 10:00 часот ќе присуствува на свеченото отворање на новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто. Во рамки на настанот е предвидено премиерот Мицкоски да даде и изјава за медиумите.
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Југозападниот регион на земјата. Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, земјотресот се случил во 15:34 часот на длабочина од 15 километри. Епицентарот на потресот е лоциран на координатите 40.963°N, 20.769°E, односно во близина на брегот на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, недалеку од населеното место Љубаништа. Земјотреси со ваква магнитуда спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси кои ретко предизвикуваат материјална штета и вообичаено се чувствуваат само од поосетливи лица или од граѓани кои во тие моменти се наоѓаат во мирување…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, и генералната секретарка Марина Димовска учествуваат на Европската конференција на претседатели на парламенти и генерални секретари, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, Италија. На првиот ден, обраќања пред претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа имаа претседателот на Домот на пратеници, Лоренцо Фонтана, и претседателот на Сенатот на Италијанската Република, Игнацио ла Руса. Тие ја нагласија улогата и значењето на Организацијата како чувар на демократијата, човековите права и владеењето на правото на европскиот континент. Потоа следеше дебата за отпорни демократии обединети против хибридни закани, на која…
Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку веб- страницата vakcinacija.mk, покажуваат најновите податоци од системот „Мој термин“. Според најавите, имунизацијата се очекува да започне во периодот од 16 до 25 октомври. Од Министерството за здравство информираат дека првата пратка од 30.000 дози вакцини GCFLU Multi inj., произведени од јужнокорејската компанија GC Biopharma Corporation, веќе е обезбедена. „Станува збор за тривалентната вакцина GC Biopharma – Influenza Vaccines за 2026 година, која е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува строгите критериуми за квалитет, односно задолжително е обезбеден сертификат за квалитет, издаден од производителот и…
Вчера во 17:30 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ѓ.В.(30) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 57-годишен татко дека физички го нападнал.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Скопје ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. „Новиот Луна парк е замислен како модерен забавен комплекс со разновидни содржини за различни возрасти. Покрај класичните забавни реквизити, предвидени се ролеркостер, панорамско тркало, водени атракции, интерактивни игри и зони за виртуелна реалност, кои ќе понудат целосно ново доживување за посетителите. Во однос на…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал. „За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства. Освен ова, тој е осомничен и за кривично дело – Злоупотреба на лични…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираше од МВР.„Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 23-годишната А.Џ., Е.З.(26), Б.Д.(51) и 16-годишник, сите од Скопје и 14-годишник од с.Добрино, скопско. Под дејство на алкохол патничко возило управувале М.С.(42) од с.Уларци, Општина Чешиново – Облешево и Д.Е.(64) од Неготино, кој предизвикал и сообраќајна незгода со материјална штета. Со активна мерка забрана за управување, возеле: А.С.(36) од Битола, Р.Р.(26) од кичевско и М.Д.(21) од…
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(45), Д.Б.(44), А.З.(30), М.И.(20), Т.С.(24), сите од Скопје, како и Б.Б.(24) од Велес, Д.Г.(18) од Злетово и К.А.(22), со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР. „На 14.10.2026 во 11:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(45) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. На 14.10.2026 во 23:50 часот на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР…
