Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје ќе добие нов Луна парк до крајот на 2027: За еден месец почнува поставувањето на реквизитите
    • ОЈО Тетово отвори истрага за 20-годишен сајбер криминалец: Нудел услуги за измами, продавал украдени податоци и поседувал детска порнографија
    • Хаос на патиштата низ Македонија: Деца зад волан, пијани возачи и странски државјанин завршија во полициска станица
    • Полицијата тресе низ Скопје и регионот – приведени 11 лица
    • Измерени 4 степени попладнево во Македонија – УХМР соопшти каде е најстудено во 14 часот
    • Царинската управа во соработка со експерти од Хрватска подготвува нови подзаконски акти за модернизација и ЕУ-интеграција
    • „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме и претепа“ – загрижена тетовчанка го пријавила сопругот во полиција
    • Се напил, па кршел се по дома – полицијата приведе агресивен велешанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје ќе добие нов Луна парк до крајот на 2027: За еден месец почнува поставувањето на реквизитите

    Скопје ќе добие нов Луна парк до крајот на 2027: За еден месец почнува поставувањето на реквизитите

    15.10.2026 во 15:242 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_xucyjbxucyjbxucy
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година.

    „Новиот Луна парк е замислен како модерен забавен комплекс со разновидни содржини за различни возрасти. Покрај класичните забавни реквизити, предвидени се ролеркостер, панорамско тркало, водени атракции, интерактивни игри и зони за виртуелна реалност, кои ќе понудат целосно ново доживување за посетителите.

    Во однос на постапките за набавка и спогодбеното раскинување на договорот склучен по новиот тендер, Град Скопје ја информира јавноста дека станува збор за одлука со која се избегнува двојна набавка на исти реквизити и се обезбедува одговорно трошење на јавните средства.

    Имено, по раскинувањето на претходниот договор за набавка на реквизити, склучен во времето на градоначалникот Коце Трајановски, фирмата повела судска постапка против Град Скопје. Судската одлука во корист на фирмата, со која Градот има обврска да ги плати реквизитите, била донесена откако веќе бил склучен договорот по новиот тендер.

    Бидејќи новата набавка опфаќала и реквизити предвидени со претходниот договор, било решено новиот договор да се раскине спогодбено. Со тоа се спречува непотребно дуплирање на опремата и дополнително оптоварување на градскиот буџет.

    Оваа одлука не го менува рокот за изградба на новиот Луна парк. За еден месец ќе започне монтирањето на седумте реквизити набавени со претходниот договор, паралелно со уредувањето на просторот, за да се создадат услови овој дел од паркот да започне со работа.

    Со новиот тендер што дополнително ќе биде објавен ќе се набават дополнителни реквизити, меѓу кои ролеркостер и панорамско тркало, со кои ќе се заокружи понудата на забавни содржини. На овој начин, вредноста на новиот договор ќе биде помала од 10 милиони евра.

    Луна паркот ќе се простира на поголема површина од некогашниот, проширувајќи се и на просторот во Градскиот парк каде што се наоѓаа летните дискотеки, отстранети пред шест месеци. Ова ќе овозможи повеќе простор за нови атракции, подобра организација на содржините и попријатен престој за посетителите.

    Со реализацијата на овој проект, Скопје ќе добие современо место за забава, а децата простор во кој играта, радоста и фантазијата ќе бидат во центарот на вниманието. Простор за безгрижни детски доживувања, нови пријателства и спомени што ќе се прераскажуваат со години“, соопштија од Град Скопје.

    Прочитај повеќе

    Скопје 2028: Потпишан Меморандум за соработка со Францускиот институт за развој на културната сцена

    15.10.2026 во 12:16

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија

    15.10.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.