Close Menu
Press24
    Најново

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија
    • Јаневска за Меѓународниот ден на белиот стап: Го зголемуваме бројот на образовни асистенти и ја подобруваме инклузивноста
    • Утре ќе нема струја четири часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Драма во Пореч: Хотел евакуиран поради силен мирис, 21 лице побарало лекарска помош
    • Сонце ама со заби: УХМР ги измери температурите, најавени дожд и снег
    • (ВИДЕО) Зеленски го погоди Путин таму каде што најмногу боли: Руска рафинерија е во пламен
    • Муцунски со убави вести: „Директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно”
    • Во стан чувала нас 200 кучиња, мачки и кози – Хаос во соседството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија

    15.10.2026 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во својот кабинет го пречека Марко Топузовски, вработен во Општина Кисела Вода, кој неодамна оствари огромен спортски успех освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство во кинеско борење одржано во Италија.

    На приемот присуствуваше и неговиот тренер Страшо Глигоров од спортскиот клуб „7-ми МАЈ ШУИ ЏИАО Скопје“.На средбата се разговараше за предизвиците на големото натпреварување, огромниот вложен труд и спортскиот пат на Топузовски, кој претставува пример за успешно балансирање меѓу професионалните работни обврски и врвниот спорт.

    Општина Кисела Вода континуирано ги охрабрува спортските амбиции на своите граѓани, радувајќи се на секој нивен исчекор кон светскиот врв.

    -Особено ме радува што нашиот Марко е вистински пример за млад, вреден и одговорен човек кој успешно ги усогласува работните обврски во Општина Кисела Вода со спортската кариера. Неговиот успех покажува дека со упорност, добра организација и љубов кон она што го работиме, можеме да стигнеме до врвот. За Општина Кисела Вода е вистинска чест да биде ветер во грб и сопатник во вакви големи спортски приказни. Верувавме во неговиот потенцијал, а неговиот медал денеска е наша заедничка гордост. Горда сум на нашите колеги и сограѓани кои со својата работа, труд и успеси ги претставуваат Општина Кисела Вода и Македонија во најубаво светло. Продолжуваме да создаваме позитивен амбиент за нашите спортисти и заедно да се радуваме на нови победи- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Топузовски и тренерот Глигоров се заблагодарија за позитивната клима и мотивот кој го добиваат од Општина Кисела Вода и градоначалничката, најавувајќи уште поинтензивни подготовки за претстојните спортски предизвици.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја четири часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    15.10.2026 во 11:44

    Неколку скопски улици остануваат без вода – Проверете дали вашата е на списокот

    15.10.2026 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.