Жителите на улиците „Прашка“ и „Дамска“, дел од „Букурешка“, како и корисниците на Гимназијата и основното училиште „Нова“, денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е поради уличен дефект, а водата ќе биде исклучена од 9 часот и ќе нема сè додека не завршат работните активности на терен.

