75-годишна жена од Скопје била физички нападната од две лица додека влегувала во лифт во зграда во општина Аеродром, при што ѝ бил одземен паричникот со пари и документи.
Случајот бил пријавен на 13 октомври околу 11:10 часот во СВР Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

