Познат хотел во Пореч беше евакуиран откако низ целиот објект се проширила интензивна миризба, при што 21 лице побарало медицинска помош, објави „Глас Истре“.
Инцидентот се случил вчера околу 11 часот, а според неофицијалните информации од медиумот „Истарски“, станува збор за неодамна реновираниот комплекс „Пикал Ресорт“, кој работи во рамките на компанијата „Валамар“.
Истрагата утврдила дека до инцидентот дошло поради хемиска реакција настанато за време на полнењето на резервоарот со хемикалии кои се користат за одржување на базенот.
На местото на настанот интервенирале полицијата и припадници на Јавната противпожарна служба од Пореч, кои го обезбедиле подрачјето и извршиле мерења на квалитетот на воздухот, по што било утврдено дека хотелот е безбеден за престој.
Сепак, пристапот до машинската просторија и просториите со резервоари за хемикалии останува ограничен додека концентрацијата на хлор во воздухот целосно не се спушти на безбедно ниво, а полицијата продолжува со утврдување на сите околности.

