Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Царинската управа во соработка со експерти од Хрватска подготвува нови подзаконски акти за модернизација и ЕУ-интеграција
    • „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме и претепа“ – загрижена тетовчанка го пријавила сопругот во полиција
    • Се напил, па кршел се по дома – полицијата приведе агресивен велешанец
    • Кавадарци: Уапсени двајца мажи, возачот управувал под дејство на алкохол и со активна забрана, пронајдена дрога во „полото“
    • Акција на Граничниот премин Долно Блаце: Уапсен 43-годишник од Кондово со две потерници за затворски казни
    • Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од патот, повреден 20-годишен возач и сопатник
    • Почина позната инфлуенсерка – пред неколку месеци добила син
    • За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Царинската управа во соработка со експерти од Хрватска подготвува нови подзаконски акти за модернизација и ЕУ-интеграција

    Царинската управа во соработка со експерти од Хрватска подготвува нови подзаконски акти за модернизација и ЕУ-интеграција

    15.10.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинската управа со експерти од Хрватска, активно работи на изготвување на новите царински подзаконски акти за спроведување на новиот Царински закон, чија суштина е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање на целосно дигитално царинско работење и целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ.

    Директорот Бобан Николовски со својот тим денеска одржа состанок со висока делегација од хрватска Царина, во чиј фокус беше изготовување на Уредбата за спроведување на новиот Царински закон, за кој, предлог текстот е во финална фаза.

    Николовски вели дека искуството во изготовувањето на царинските подзаконски акти на хрватска Царина, како земја членка на ЕУ, е од огромно значење за нашата држава бидејќи истите ќе овозможат царината да делува како катализатор на економијата. Изготвувањето на новата Уредба се спроведува во рамки на Твининг проект на ЕУ „Изработка на регулативи за имплементација на UCC на ЕУ во Македонија“ за што преку Европската унија се обезбедени 250 илјади евра.

    „Нашата визија е јасна: модерна, дигитализирана и ефикасна царинска администрација, која ја олеснува и поддржува легалната трговија, а истовремено обезбедува силна и професионална заштита на границите. Ова е патот кон европска Царина – Царина што создава услови за економски развој, ја јакне довербата во институциите и е подготвена за идните предизвици“, истакна директорот Николовски.

    Од страна на хрватската Царина беше истакнато дека продолжувањето на партнерството е одраз на одличните партнерски односи помеѓу државите кои дополнително се зајакнати со Договорот за стратешка соработка на меѓувладино ниво и Меморандумот за соработка меѓу царинските управи потпишан во септември годинава. Искуството на двете управи во спроведување на твининг проекти како механизам за трансфер на знаење и искуство воедно претставува силна гаранција за ефикасна соработка. 

    „Целите на проектот се фокусирани на подобрување на деловните процеси и царинските постапки преку понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и модернизација и развој на царинските информациски системи на РС Македонија“, истакна Жељко Фрањиќ, заменик директор на Царинска управа на Република Хрватска.

    На состанокот воедно беше ставен акцент и на оперативната соработка помеѓу двете институции која како што беше истакнато е клучна за сузбивање на транснационалниот криминал и заштита на границите.

    Прочитај повеќе

    „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме и претепа“ – загрижена тетовчанка го пријавила сопругот во полиција

    15.10.2026 во 14:40

    Се напил, па кршел се по дома – полицијата приведе агресивен велешанец

    15.10.2026 во 14:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.