Вчера во 23:50 часот на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода М.Д.(21) од Кавадарци и Љ.С.(23) од Росоман.
При контрола во патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое бил и Љ.С., полициските службеници констатирале дека М.Д. го управувал возилото за време на активна забрана и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта. Додека, при преглед во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Тие биле приведени во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Кавадарци: Уапсени двајца мажи, возачот управувал под дејство на алкохол и со активна забрана, пронајдена дрога во „полото“
- Акција на Граничниот премин Долно Блаце: Уапсен 43-годишник од Кондово со две потерници за затворски казни
- Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од патот, повреден 20-годишен возач и сопатник
- Почина позната инфлуенсерка – пред неколку месеци добила син
- За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво
- Украина тврди дека погодила шест руски бомбардери Су-34М на воениот аеродром „Борисоглебск“
- Хаос на улиците во Тирана, демонстрантите палат згради и се судираат со полицијата: Рама одбива да поднесе оставка
- Брзаковска: Филипче и Герасимовски молчат за градењето во близина на главната водоводна цевка на Водно

