Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Брзаковска: Филипче и Герасимовски молчат за градењето во близина на главната водоводна цевка на Водно

    Брзаковска: Филипче и Герасимовски молчат за градењето во близина на главната водоводна цевка на Водно

    15.10.2026 во 13:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат дека се копа и гради во непосредна близина на главната водоводна цевка, стравувајќи од сериозни оштетувања и прекини во водоснабдувањето, обвини денеска Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисијата за животна средина на ОК Центар.

    Брзаковска посочи дека и покрај повеќекратните пријави од граѓаните до Општина Центар, надлежните служби досега не излегле на терен.

    „Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто? Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата? Дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого?“, изјави Брзаковска.

    Таа упати јавен повик до првите луѓе на партијата и општината да го посетат местото и да им дадат одговори на жителите.

    „Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура. Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела“, порача Брзаковска.

    Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итен инспекциски надзор, детална проверка на водоводната инфраструктура и јавно објавување на сите наоди, со порака дека Центар мора да им припаѓа на граѓаните, а не на инвеститорските интереси.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.