- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Албанија е зафатена од серија насилни студентски протести кои влегоа во третиот последователен ден, додека ситуацијата на улиците во главниот град станува сè подестабилна. Демонстрантите палеа згради, кршеа прозорци и уништуваа јавен имот, а полицијата интервенираше со водени топови. И покрај притисокот и барањата за негова оставка, премиерот Еди Рама децидно изјави дека нема намера да ја напушти функцијата. Немирите ескалираа по месеци незадоволство, при што десетици илјади студенти бараат подобри услови за образование, намалени школарини и порешителна борба против корупцијата. Улиците во Тирана се покриени со остатоци од запалени контејнери, скршени автобуски станици и уништени семафори, а во текот…
Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат дека се копа и гради во непосредна близина на главната водоводна цевка, стравувајќи од сериозни оштетувања и прекини во водоснабдувањето, обвини денеска Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисијата за животна средина на ОК Центар. Брзаковска посочи дека и покрај повеќекратните пријави од граѓаните до Општина Центар, надлежните служби досега не излегле на терен. „Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто? Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен…
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода 35-годишниот Ј.А. од Велес, кој е осомничен за кражба на разни предмети од гаража во сопственост на 50-годишен жител на градот. Според информациите од полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јавното признание од Федералното истражно биро (ФБИ) за резултатите на македонската полиција е потврда дека посветеноста, професионалноста и меѓународната соработка даваат конкретни резултати, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук. Осврнувајќи се на успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, Тошковски истакнува дека случајот ги потврдува оперативните капацитети на македонската полиција во борбата против транснационалниот сајбер-криминал. – Успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, покажува дека македонската полиција има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер во борбата против транснационалниот сајбер-криминал – наведува Тошковски. Тој…
Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери. „Современата механизација ја…
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари протоколарна средба со новиот амбасадор на Грција во Република Северна Македонија. На средбата, Сали му посака добредојде и успешен мандат, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката преку проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите од двете земји. Во фокусот на разговорот беше прекуграничната соработка. Во рамки на програмата Интеррег на Инструментот за претпристапна помош за периодот 2021–2027, со буџет од околу 30 милиони евра, се спроведуваат 20 проекти со учество на 38 партнери од Северна Македонија. Проектите го поддржуваат развојот на пограничните региони, заштитата…
Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги и ги поминаа своите ингеренции со препораката за лекување во Бугарија, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Манасиевски истакна дека докторот Барбов со своето обраќање обелодени дека го водел случајот противправно, поставувајќи прашања како невролог дава мислење за хируршки интервенции и конзилијарна препорака без претходно пациентката да биде упатена на лекарски конзилиум. Сакајќи да се извади и да се направи како да не е од тука и не знае што се случува, докторот Барбов обелодени дека целосно го водел случајот противправно. Барбов, Филипче и Заев, пред да се…
Вчера полициски службеници од СВР Охрид со судска наредба извршија претрес во домот на Љ.Б.(64) од Скопје, со престој во селото Годивје, општина Дебрца. При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Вчера во 13:00 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Г.И.(71) од Гостивар. -Според пријавеното, таа паднала додека чистела балкон од зграда на ул.„Никола Парапунов“ и се здобила со повредите. Поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 16-годишно лице од Битола, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во дом на друго лице во Охрид, полициски службеници го затекнале малолетникот при користење марихуана. Во присуство на родител, со него е извршен службен разговор во СВР Охрид.
