Вчера полициски службеници од СВР Охрид со судска наредба извршија претрес во домот на Љ.Б.(64) од Скопје, со престој во селото Годивје, општина Дебрца.
При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми кои нелегално ги поседувал.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


