Close Menu
Press24
    Најново

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН го отфрлија предлог-законот за финансиска помош на земјоделците
    • Мицкоски: Ве гледам во очи и Ви кажувам кога – тогаш и Ива и Татко и ќе одговараат
    • Скопје 2028: Потпишан Меморандум за соработка со Францускиот институт за развој на културната сцена
    • Нови 2.000 вработувања во Жабени: „Кромберг и Шуберт“ ќе произведува компоненти за Ауди
    • Врнежите од дожд ќе преминат во снег – УХМР со најнова прогноза
    • Наумоски: Тошковски да поднесе оставка, правда нема и никој не одговара
    • СДСМ против нови рудници на истокот: Ристовска бара итно повлекување на Нацрт-планот за просторно планирање
    • Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН го отфрлија предлог-законот за финансиска помош на земјоделците

    Цветаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН го отфрлија предлог-законот за финансиска помош на земјоделците

    15.10.2026 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратениците од редовите на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против македонските земјоделци и го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка, обвини на денешната прес-конференција Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

    Според неа, парламентарното мнозинство гласало против конкретните мерки за поддршка во сите земјоделски сектори.

    „Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето. Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина“, истакна Цветаноски.

    Таа додаде дека владејачките пратеници гласале и против предлозите производителите на пченица да добијат по 5 денари за килограм, сточарите 8.000 денари по грло говедо, а оризарите 10 денари за килограм произведена и продадена оризова арпа.

    „Арамијата Мицкоски и неговата криминална влада уште еднаш покажаа дека не им се важни земјоделците – луѓето што ја хранат државата. Нема пари за земјоделците, ама има пари за криминални партиски тендери и договори. Пред избори ветуваа земјоделска преродба, повисоки субвенции, сигурен пласман и повисоки откупни цени – а направија пустош“, изјави Цветаноски.

    Од СДСМ порачаа дека земјоделството се наоѓа пред колапс, додека земјоделците се принудени да ги продаваат фармите за да преживеат, најавувајќи дека партијата ќе продолжи да се бори за нивната поддршка, сигурност и почит.

    Прочитај повеќе

    Наумоски: Тошковски да поднесе оставка, правда нема и никој не одговара

    15.10.2026 во 12:00

    СДСМ против нови рудници на истокот: Ристовска бара итно повлекување на Нацрт-планот за просторно планирање

    15.10.2026 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.