Close Menu
Press24
    Најново

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јовановски презентираше десетмесечен отчет за Кичево: Реконструирани патишта, нови паркови и домашќинско управување со буџетот

    Јовановски презентираше десетмесечен отчет за Кичево: Реконструирани патишта, нови паркови и домашќинско управување со буџетот

    15.10.2026 во 12:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, одржа прес-конференција на која презентираше сеопфатен отчет за сработеното во изминатиот период од неговото преземање на функцијата во ноември 2025 година, истакнувајќи дека општината бележи конкретен развој преку бројни инфраструктурни и комунални проекти.

    Јовановски нагласи дека во периодот од март до август 2026 година во урбанистичкиот сектор се евидентирани над 2.170 активности и се обработени повеќе од 1.500 управни акти и дозволи, при што се иницирани и споени постапки за изменување на ДУП-ови на површина од околу 20 хектари и се подготвува продажба на околу 40 градежни парцели преку наддавање.

    Во делот на инфраструктурата, градоначалникот посочи дека се завршени или се во тек бројни реконструкции на локални патишта и улици, меѓу кои патиштата кон манастирот „Св. Богородица Пречиста“, патиштата во селата Србица, Вранештица, Грешница, Колибари и Црвивци, како и санацијата на улици во градот, изградбата на нови паркинзи, детски рекреативни паркови и спортски терени. Дополнително, завршени се инвестиции во енергетска ефикасност на училиштата и системот за греење во средните училишта, а набавен е и 4Д ехо апарат за Општата болница.

    Јовановски истакна дека се воведува строго домаќинско работење и финансиски ред, со што се остварени значајни заштеди во буџетот.

    „Кај ученичкиот превоз, во 2024 година биле исплатени 42 милиони денари, во 2025 година 21 милион денари, а во текот на 2026 година, до периодот опфатен со овој отчет, 7.120.000 денари. Овие податоци ја покажуваат потребата трошоците постојано да се следат и да се планираат врз реални основи. Во 2026 година Општината нема ангажирано надворешен адвокат, со што се избегнува претходен годишен трошок од околу 650.000 денари. По основ на присилна наплата и извршни налози, во 2024 година биле исплатени 18.500.000 денари, во 2025 година 17.700.000 денари, а во 2026 година, до периодот опфатен со отчетот, 5 милиони денари“, изјави Јовановски.

    Тој најави и нов пакет капитални инвестиции чија индикативна вредност надминува 470 милиони денари, односно над 7,5 милиони евра, меѓу кои се спортските терени во комплексот „Горица“, новиот резервоар „Осој“, реконструкцијата на градскиот плоштад вредна околу 2,5 милиони евра, воведување паметни водомери и нови локални патишта.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.