Цените на нафтата на светските пазари бележат пад, при што вредноста на суровата нафта „Брент“ се спушти под прагот од 115 долари за барел.
Главниот поттик за ова намалување на цените доаѓа како резултат на обновените дипломатски напори и новите надежи за решавање на конфликтите и постигнување намир во регионот. Инвеститорите и аналитичарите внимателно ги следат развојот на настаните и дипломатските иницијативи, кои влијаат врз намалувањето на тензиите на глобалните енергетски пазари.
Експертите истакнуваат дека секое понатамошно стабилизирање на дипломатските односи може дополнително да придонесе за смирување на пазарот на црното злато, кој изминатиот период беше под сериозен притисок поради геополитичките немири.

