- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
- ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
- Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
- ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
- Силен земјотрес од 5,1 степен го погоди Иран
- ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир
Author: Author 04
Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие На 24.05.2026 во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. На 24.05.2026 во 02:10 часот во беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода С.С.(42) од беровско, постапувајќи…
Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,…
Вчера од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од М.З.(46) од с.Желино, при што е констатирано дека тој постапил спротивно на мерка куќен притвор, односно бил затекнат надвор од својот дом и адреса на која ја издржува мерката куќен притвор, а констатирано е и дека не поседува европски документи за управување на странско возило и возилото се наоѓа на територијата на нашата држава подолго од шест месеци. Лицето…
Ноќеска во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш.
Вчера во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово.
Два тешки сообраќајни инциденти во кои настрадаа малолетни лица кои управувале електрични тротинети се регистрирани во текот на вчерашниот ден во Неготино и Кичево. На 24.05.2026 во ОВР Неготино, e пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино. На 24.05.2026 во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас,…
Вчера околу 12:00 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство. Повредени лица нема, дрвата се предадени на Шумска полиција, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, З.Т.(53) од Скопје пријави дека на 22.05.2026 околу 21:00 часот тој и К.Ј. на паркинг простор пред маркет на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање околу наплата на паркинг, биле физички нападнати од Д.Д. (вработен за наплата на паркинг) и уште едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 17:30 часот, во СВР Скопје М.М.(47) од Скопје пријави дека во населбата Бардовци, неговиот деветгодишен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а потоа вујкото на едниот малолетник му упатил закани на М.М.. Исто така, на 24.05.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје, 53-годишната Ј.Д. од Скопје пријави дека по претходна расправија со друг малолетник, нејзиниот 11-годишен син бил физички нападнат од М.М.(47), кој го качил малолетникот во своето возило и таму физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
