Author: Author 04

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица ќе се задржи сончево време со мала локална облачност во текот на денот. Од среда се…

Повеќе

Деветнаесетгодишен норвешки државјанин е осуден на 20 години затвор во Велика Британија, откако признал дека се согласил да изврши нарачано убиство за сума од 25.000 евра во корист на меѓународна криминална група. Јоханес Конгснес Натланд (19), кој бил талентиран фудбалер, во март минатата година отпатувал од Ставангер за Британија со цел да ликвидира сè уште неидентификувано лице. Само два дена по пристигнувањето, вооружени полициски единици го уапсиле во хотелска соба во Хадерсфилд, каде биле пронајдени полуавтоматски пиштол, револвер, 12 куршуми, заштитни ракавици и 2.000 фунти во готово. Во неговиот телефон биле откриени и фотографии со оружјето и парите расфрлани на…

Повеќе

Лидерот на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, Александар Вучиќ, на митинг во Нови Сад ги презентираше деталите од новиот осумгодишен план кој предвидува значајни инвестиции во здравството, транспортната инфраструктура и образованието. Програмата опфаќа реконструкција или изградба на здравствени установи во секоја општина, воведување бесплатни пренатални тестови за сите бремени жени, враќање на бесплатните стоматолошки услуги и повеќемилионски вложувања во иновативни лекови и лекување ретки болести. Во однос на издвојувањата за лекување на децата и набавка на современи терапии, Вучиќ истакна: Имаме многу деца со ретки болести, терапиите се прескапи. Тоа е терапија за мускулна дистрофија, со D, што и…

Повеќе

Данската влада го поднесе во парламентарна процедура предлог-законот L 45 со кој за првпат нормативно се дефинираат условите под кои наставниците и педагошкиот персонал можат да користат физичка интервенција и сила врз учениците. Законското решение го достави министерот за деца и образование, Магнус Хојнике, како директен одговор на зголеменото врсничко насилство и нарушувањето на наставата. Новиот закон експлицитно ги дефинира условите за примена на физичка сила во основните, приватните училишта и центрите за дневна грижа. Според текстот, физичката интервенција е третирана исклучиво како мерка на последно средство, која може да се употреби само кога сите педагошки и вербални методи се…

Повеќе

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети). „При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани…

Повеќе

Силен циклон проследен со обилни врнежи од дожд, грмотевици и значително падот на температурите во изминатите денови предизвика поплави и први снежни врнежи во Грција. Во некои региони наврнаа повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, што доведе до појава на порои. Есенскиот студен бран донесе и снег на планините во северозападниот дел од Грција, на надморска височина над 1.500 до 2.000 метри, каде што беа измерени повеќе од 10 сантиметри нов снежен покривач. Температурите во овие региони се спуштија под нулата, додека во пониските предели паднаа до 5 степени. Снегот и ниските температури целосно замрзнаа неколку населени места…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите официјални податоци за измерените температури ширум земјава во 14 часот. Според податоците од мерните станици, најстудено пладнево е на Попова Шапка, каде се измерени 2,0 степени. Низок температурен флуид е забележан и во Крушево со измерени 8,3 степени, Радовиш Пожар со 8,4, како и во Ѓуриште каде термометрите покажаа 9,2 степени. Во Лазарополе се измерени 9,4 степени, додека во Тополчани температурите достигнаа 9,9 степени. Во останатите градови, како Крива Паланка (10,8), Берово (11,3), Прилеп (11,7) и Претор (12,0), вредностите се движат умерено. Највисока температура во земјава претпладнево и на почетокот од денот…

Повеќе

Полицијата во Одивелас, Португалија, ги истражува сите околности околу сообраќајната несреќа во која живот го загуби 49-годишна државјанка на Бразил, откако била пронајдена во несвест и без облека во превртен автомобил. И покрај обидите за реанимација, жената починала на местото на настанот, додека 26-годишниот возач го напуштил местото на сообраќајката. Сообраќајната несреќа се случила во раните утрински часови на мостот Понте да Бика. Итните служби биле повикани во 3:05 часот наутро од вработени на блиската бензинска пумпа кои биле сведоци на превртувањето на возилото, објави португалскиот весник „Обсервадор“. Според официјалниот полициски извештај, жената претходно го напуштила својот дом во населбата…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираше МВР. „Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ѓ.(21), Г.З.(23), А.Д.(46), И.Ц.(25) сите од Скопје и Е.О.(19) со престојувалиште во Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, соопшти МВР.„На 16.10.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Ресен на ул.„Корчуланска” го лишија од слобода А.Ф.(19) од с. Покрвеник, ресенско бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.На 16.10.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул.„Прилепска” во Битола го лишија од слобода М.Ј.(35) од с. Крушеани, општина Кривогаштани.…

Повеќе