- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
- Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
- Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор
Author: Author 04
Пет лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно осум пријави во последното деноноќие На 23.05.2026 во 19:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. На 23.05.2026 во 23:35 часот ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Ќ.А.(43) од кичевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 22-годишна поранешна партнерка дека околу 21:42 часот во Кичево физички ја нападнал. На 23.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена…
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно во Велес, Тетово, Кавадарци. Едно лице во Скопје управувало возило со активна мерка забрана за управување со возило. Едно лице во гостиварско управувало возило со брзина поголема од дозволената,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва упати силни пораки од свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители, која се одржува во црквата „Света Софија“ во Охрид. Во своето обраќање на академијата насловена „Од слово до вечност“, премиерот потенцираше дека делото на Светите браќа Кирил и Методиј претставува темел на цивилизациската идеја за слобода на мислата. „Во едно време кога заењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има право на образование, култура и на свој јазик. Токму затоа нивното дело е поголемо од историски настан. Тоа е победа на светлината…
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, упати празнична честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Во својата порака, Ѓорѓиевски го истакнува историското значење на солунските браќа во процесот на воспоставување на македонската писменост и идентитет. „Нека е за многу Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет. Од Моравската мисија, започната токму…
Вчера во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.А.(19) од село Долно Каласлари, велешко и Ј.П.(19) од Велес, а во 15:15 часот лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.А., а сопатници биле Ј.П. и малолетникот, кој излегол од возилото и побегнал, при што фрлил пари и марихуана, кои биле пронајдени и одземени. При преглед во возилото била пронајдена и одземена маихуана, а М.А. и Ј.П. биле лишени од слобода и известен бил јавен обвинител. Подоцна, со судска наредба, извршен…
Денеска (24.05.2026) во 06:30 часот на подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Р.Турција. Од страна на Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот била приложена патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра. Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во Полициска…
Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, при преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени оружје, муниција и други делови од полициска опрема, за кои постои сомнение дека неовластено ги поседувал. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за…
Руските воени сили извршија нов масовен воздушен напад врз низа цели низ Украина, предизвикувајќи човечки жртви и огромна материјална штета. Според официјалните податоци од Киев, во нападот биле употребени стотици ракети и беспилотни летала кои ја погодиле украинската територија. „Во нов голем напад врз Украина, Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови, при што загинаа неколку лица, а најмалку 83 се повредени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.“ Како што се наведува во воените извештаи, овој последен бран напади доаѓа како директна одмазда за неодамнешното украинско гранатирање на ученички дом во областа Доњецк. Истовремено, меѓународните набљудувачи нотираат дека додека договорот…
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини за директни политички врски меѓу актуелното раководство на СДС и бугарските структури во земјава. Од владејачката партија посочуваат дека ангажманот на поранешниот советник Рубин Земон во редовите на опозицијата претставува обид за продолжување на политиките од минатото. „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена. Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС. Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, која…
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе слаб до дува умерен северен ветер. Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.
