- Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат
- Државниот завод за ревизија откри милионски загуби и сериозни пропусти во работењето на ЈП ЖРСМ Инфраструктура
- Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов
- 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
- Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
- Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
Author: Author 04
Најниска утринска температура од -4 степени е измерена во Берово, додека најтопло до 8:30 часот утрово било во Гевгелија со измерени 7 степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринава се измерени -1 степен во Крива Паланка, 0 во Струмица и Крушево, 1 степен во Штип, Охрид, Маврови Анови, Тетово, Претор и Демир Капија, 2 во Битола, Прилеп и Виница, 4 во Кавадарци и Куманово, како и 5 степени во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид. Во Велес се измерени 6 степени. Во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, беа регистрирани и мали количини на врнежи, односно 2 литри…
Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во главниот град исто така ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот…
Крим полиција е повторно на терен. Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена. Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството. Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза. Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на…
Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги повика граѓаните на мир по насилните антивладини протести во земјата, обвинувајќи странски сили и опозицијата за инцидентите. Според него, демонстрациите немаат за цел подобрување на животниот стандард, туку дестабилизација на државата. „Протестите немаат ’апсолутно никаква врска‘ со тешките услови за живот во Албанија или легитимна желба за подобрување на тие услови“, рече Рама, додавајќи дека „раце од странство“ поттикнуваат немири за да се блокира европскиот пат на земјата. Албанскиот премиер се обрати преку видео-попорака објавена на неговиот официјален профил. „Сето тоа е дело на истата рака, раката што ја зграпчи албанската опозиција за грлото…
Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине – лаже, велат од СДСМ. „Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш. Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите…
Уште едно лице почина како последица од вирусот на западнонилска треска, со што вкупниот број смртни случаи во земјава се искачи на 12. Според последните објавени податоци на веб-страницата healthalert, од почетокот на годинава во државата се евидентирани вкупно 72 лица заразени со овој вирус, а во текот на последната недела е регистриран еден нов случај. Од вкупниот број регистрирани пациенти, 58 лица целосно оздравеле, додека двајца пациенти сè уште се наоѓаат на болничко лекување, објави 4news.mk. Западнонилската треска претставува вирусно заболување кое најчесто се пренесува преку каснување од заразени комарци. Кај најголемиот дел од инфицираните болеста минува без симптоми…
Вчера во 07:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.А.(44) од с.Петровец, општина Петровец, соопштија од МВР. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Полициски службеници од СВР Скопје извршија увид на местото.
Вчера околу 14:25 часот во СВР Скопје, М.М.(18) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, едно женско лице со закана со остар предмет се обидело да му одземе пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.С.(32) и Б.Р.(27), двајцата од Скопје, Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, З.И.(19) и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско и 17-годишник од Прилеп. Со брзина поголема од дозволената возел В.Б.(27) од с.Врапчиште, гостиварско, а под дејство на алкохол возел Б.Ј.(70) од Скопје. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
