Author: Author 04

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална…

Повеќе

Вчера во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнал неговиот 64-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

77-годишна српска државјанка е извлечена во несвест од морското подрачје во близина на Ханиоти на Халкидики, во општина Касандра, пренесе ЕРТ. Според соопштението од Пристанишната управа на Неа Мудања, која утрово била известена за инцидентот, 77-годишната жена била пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар Касандра, каде што била констатирана смрт. Второто пристанишно одделение на Неа Мудања при Централната пристанишна управа на Солун ја спроведува прелиминарната истрага, додека телото ќе биде префрлено во Институтот за судска медицина во Солун за обдукција.

Повеќе

Летните температури пристигнаа во Македонија уште пред официјалниот почеток на летото. Најновите официјални мерења на УХМР направени денеска точно во 11:00 часот покажуваат дека живата во термометарот веќе ја надмина границата од 30 степени Целзиусови. Според податоците од мерните станици, традиционално најжешко е во Гевгелија, каде во 11 часот се измерени високи 30,6°C. Веднаш зад неа се Велес со 29,2°C и Струмица со 28,5°C. Во главниот град Скопје, односно на мерната станица Скопје-Петровец, во 11 часот се измерени 27,8 степени, додека на Зајчев Рид температурата изнесува 28,2°C. Исто толку, односно 28,2°C се измерени и во Демир Капија. Од поголемите градови…

Повеќе

Двајца тинејџери – 16-годишно момче и 15-годишно девојче – се уапсени во Франција под сомнение дека брутално го задавиле малите Тео (11), чие безживотно тело беше пронајдено во грмушки во градот Рен. Обвинителот на Рен, Фредерик Тајлер, ја згрози јавноста откривајќи го мотивот за ова свирепо убиство: двајцата малолетници признале дека го убиле детето за „одмазда“, за да си ја вратат назад рибарската опрема вредна само неколку десетици евра. Телото на кутрото момче било пронајдено во неделата во грмушки, во близина на реката каде што отишол да лови риба. „Младата жртва е пронајдена свиткана во грмушка, со влажен пешкир за…

Повеќе

Бројот на потврдени случаи на зараза со опасниот хантавирус поврзани со луксузниот крузер „МВ Хондиус“ се искачи на 13, соопшти денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој преку официјално соопштение на социјалната мрежа Икс објави дека Шпанија пријавила нов случај меѓу патниците кои се наоѓаат во строг карантин, со што вкупниот биланс достигна 13 заразени лица. Состојбата е сериозна бидејќи вирусот веќе однесе и човечки жртви. „Според досегашните информации, меѓу заразените има и три починати лица, но од 2 мај наваму не се регистрирани нови смртни случаи.“ Гебрејесус наведе дека ситуацијата во моментов останува стабилна,…

Повеќе

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во средата успешно го елиминирале новоназначениот воен водач на Хамас во Појасот Газа, помалку од две недели по смртта на неговиот претходник. Мохамед Одех бил убиен во прецизен напад врз комплекс згради во градот Газа во вторникот, по неколкумесечен интензивен разузнавачки надзор, стои во заедничкото соопштение на израелската армија и безбедносната служба Шин Бет, пренесува ДПА. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац експресно потврдија дека токму Одех, командантот на военото крило на Хамас, бил главната цел на оваа воена операција. Воените власти ја соопштија и клучната причина за неговата елиминација:…

Повеќе

Православните верници денеска го слават споменот на Светиот маченик Исидор, кој пострадал за својата силна вера во третиот век, во времето на царот Декиј. Исидор, кој по потекло бил од островот Хиос, уште од мал се држел до Христовата вера, поминувајќи го животот во пост, молитва и добри дела, сè додека насила не бил земен во тогашната војска. Штом војводата дознал дека младиот војник е христијанин, му побарал отчет и почнал насилно да го советува да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одлучно одбил да ја замисли својата вера, упатувајќи му силни зборови на…

Повеќе

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во вторникот вечерта во атинската населба Тисејо ја претстави основачката декларација на својот нов политички проект наречен ЕЛАС (Грчка левичарска коалиција). Со ова, тој се обидува повторно да ја собере распарчената левица и да се врати во центарот на грчката политика. Овој потег доаѓа по долг период на шпекулации за неговиот камбек, откако се повлече од СИРИЗА по изборниот пораз во 2023 година, а минатата година се откажа и од пратеничкиот мандат со порака дека не ја напушта политиката. Новиот проект ЕЛАС се најавува како поширок народен фронт, а не како уште една мала партија.…

Повеќе

Внимателен оптимизам се врати на европските берзи денеска, при што цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 проценти поради очекувањата дека САД и Иран, и покрај неодамнешните тензии, ќе успеат да постигнат договор за прекин на конфликтот на Блискиот Исток. Според официјалните податоци од берзите изутрината во 9:30 часот, цената на американската сурова нафта падна за 2,78 проценти на 91,32 долари, додека суровата нафта „Брент“ забележа пад од 2,15 проценти и се тргуваше по 97,43 долари по барел. Во исто време, европските фјучерси за гас за јуни се тргуваа по цена од 47,14 евра за мегават-час на отворањето на…

Повеќе