- Скопје ги слуша детските желби – најмладите можат да ги споделат своите новогодишни соништа
- Огромни температурни разлики утринава во Македонија – УХМР најавува пресврт со времето
- Исклучување во 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
- Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
- Рокас му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски – Што забележа Брисел за Македонија?
- Пратениците ќе расправаат за нов член на РКЕ
- Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка
- АМСМ со важна информација за возачите – Состојбата на патиштата низ Македонија
Author: Author 04
Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријави дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и Ј.П.(60) од Битола, во времето на сторување на кривичното дело управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано) поради основано сомневање дека К.К. и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 ст.1, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по чл.378 ст.1 од КЗ,…
Ноќеска во 02:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 63-годишната М.Т. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 68-годишен сопруг, при што употребила остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 08:10 часот во Полициската станица Македонски Брод е пријавено дека при извршување градежни активности на кровната конструкција на семејната куќа, А.С.(46) од Кичево на таванскиот простор пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал направата и констатирал дека се работи за противпешадиска распрскувачка потезна мина која потекнува од Втората светска војна.
Вчера околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Кирил и Методиј“ со ул. „Народен Фронт“ во Скопје, 36-годишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.В.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 62-годишната Л.В., додека со телесни повреди мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Телото на 67-годишниот Петар било пронајдено во багажникот на семејниот автомобил „мерцедес“ во бугарскиот град Димитровград, откако возилото управувано од 14-годишно момче удрило во контејнер за отпад. Случајот предизвика бранувања во бугарската јавност. По несреќата, момчето и неговата 32-годишна мајка го напуштиле местото на настанот. Според пишувањата на бугарскиот портал „24 часа“, 32-годишната жена била сопруга на починатиот, со кого имала две мали деца, а во семејството живеел и нејзиниот син од претходниот брак. Семејството се издржувало од високата пензија на 67-годишниот маж, кој бил и сопственик на куќата во населбата Маријно. Соседите сведочеле за чести расправии меѓу сопружниците, вклучително…
Денеска (16.10.2026) во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, се обрати на работилницата на тема „Истраги за компјутерски криминал“, организирана и реализирана со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, на која учествуваат полициски службеници од централните и регионалните служби во состав на Бирото за јавна безбедност. Во своето обраќање, директорот Јанев истакна дека во услови кога дигиталниот простор станува поле на нови безбедносни предизвици, а хибридните закани и компјутерскиот криминал бараат сè пософистицирани истражни пристапи, континуираното унапредување на знаењата, размената на искуства и навремената размена на информации се од суштинско значење за ефикасна борба…
Владата ги заврши текстовите на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, а до крајот на месецот истите ќе бидат испратени на мислење до Европската комисија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Говорејќи по повод отворањето на ново училиште во Општина Гази Баба, премиерот ги објасни следните чекори во процедурата за донесување на овие закони. „Тоа е процес што трае многу одамна, мислам дека е од 2019 година. Оваа Влада конечно дојде до ситуација да ги затвори овие два закона. Јас вчера имав состанок со министерот за правда, заменик од Министерството за правда, луѓето од кабинетот, луѓето од СДСМ, но и…
Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да не се промени и по 1 јануари, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новото основно училиште во скопската населба Ченто, премиерот ја нагласи посветеноста за одржување на енергетската стабилност. „Приоритет на оваа Влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот што човештвото ја памети. Секаде во регионот и во Европа цените на енергентите пробиваат рекорди. Веќе имаме држави во Европа, каде што цената…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави: „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да имаме 1 милион туристи и да имаме близу 3 милиона преноќувања. Заклучно со месец август, ние имаме блиску до 1 милион туристи, негде околу деветстотини осумдесет и нешто илјади и некаде отприлика 2 милиона…
