Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за податоците на ДЗС: Речиси ја остваривме целта од 1 милион туристи уште во август
    • Мицкоски во Ченто: Градиме над 1.200 проекти со општините, децата добија современо училиште
    • УХМР со најнова прогноза – познато какво време не очекува за викендот
    • Фрчкоски: Мицкоски турка нови партиски кадри за Судскиот совет за целосна контрола врз правосудството
    • Кривична пријава за в.д. директорот на УХМР и седум вработени: Овозможиле штета од над 500.000 евра
    • (ФОТО) Јаневска: „Бараките заминуваат во историјата, учениците во Ченто добија ново училиште
    • (ФОТО) Градежни активности во Илинден: Се асфалтира и проширува улица „11“
    • Јакупоски со отчет за работата: Инфраструктурни проекти, поддршка за младите и нови инвестиции во Маврово и Ростуше
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за податоците на ДЗС: Речиси ја остваривме целта од 1 милион туристи уште во август

    Мицкоски за податоците на ДЗС: Речиси ја остваривме целта од 1 милион туристи уште во август

    16.10.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави:

    „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да имаме 1 милион туристи и да имаме близу 3 милиона преноќувања. 

    Заклучно со месец август, ние имаме блиску до 1 милион туристи, негде околу деветстотини осумдесет и нешто илјади и некаде отприлика 2 милиона и седумстотини и два-триесет илјади преноќувања. Што значи дека пред време ќе ја постигнеме целта што ни беше зададена на почеток од годината, којашто самите си ја зададовме. Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум којшто се случи во летните месеци јули-август и коешто траеше и месеците потоа. Да речеме во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем, што претставува навистина нешто коешто сите нас пријатно нѐ изненади. Но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи. Тука е и договорот кој го потпишуваме со туристички агенции коишто носат туристи и тука не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците коишто патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми, за 30% е зголемен, споредено со истиот период минатата година.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски во Ченто: Градиме над 1.200 проекти со општините, децата добија современо училиште

    16.10.2026 во 12:16

    Фрчкоски: Мицкоски турка нови партиски кадри за Судскиот совет за целосна контрола врз правосудството

    16.10.2026 во 12:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.