- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
- Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
- Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
- „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
- Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
- Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари
- Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
Author: Author 04
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави: „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да имаме 1 милион туристи и да имаме близу 3 милиона преноќувања. Заклучно со месец август, ние имаме блиску до 1 милион туристи, негде околу деветстотини осумдесет и нешто илјади и некаде отприлика 2 милиона…
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерката за образование, градоначалникот на Општина Гази Баба, пратеници, советници и жители, присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новиот објект на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто. Во своето обраќање, премиерот изрази задоволство од реализацијата на овој проект, посочувајќи дека со него се заменуваат децениските застарени објекти со современи услови за учениците. „Добар ден и од мене. Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази…
Времето утре сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР соопштија дека наредните денови следува период на стабилно време со променлива облачност во текот на денот.
СДСМ преку прес-конференција на членот на Извршниот одбор, Јон Фрчкоски, упати обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката партија за обид за целосна партизација на правосудниот систем преку предлозите за нови членови на Судскиот совет. „Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето. Тоа го прави веќе две години, сака целосна контрола врз правосудството. Бандата бара спас од одговорност за криминалот, и тоа во контролирано судство и обвинителство“, изјави Фрчкоски. Тој ги истакна кандидатурите на Емилија Алексовска и Џоко Диков, тврдејќи дека станува збор за партиски предлози. „Кандидатката Емилија Алексовска која добила најмногу бодови од ВМРО. Позната…
Вчера Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа за хидрометеоролошки работи Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ, В.Х. (48), управител на правно лице од Битола за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3 во врска со ст.1)…
Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто денеска беше официјално пуштен во употреба, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска, премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Новата училишна зграда се протега на два спрата со вкупно 30 училници и површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на целата инвестиција изнесува 170 милиони денари. Во своето обраќање, министерката Јаневска посочи дека обезбедувањето соодветни услови за престој и учење е од суштинско значење за квалитетот на воспитно-образовниот процес. „Објектите во кои се организира воспитно – образовниот процес, се суштински за неговиот…
Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во населба Илинден, во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта. Со предвидените градежни активности на терен се планира проширување на постоечкиот коловоз и целосно поставување нов асфалтен слој во должина од околу 110 метри. Од локалната самоуправа посочуваат дека со реализацијата на овој проект ќе се подобрат сообраќајните услови, ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе се овозможи полесен пристап за жителите од овој дел на населеното место. Општина Илинден најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во изградба,…
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, денеска поднесе отчет за сработеното во изминатата година од неговиот мандат, истакнувајќи ги реализираните и започнатите проекти во делот на инфраструктурата, социјалната заштита, образованието и локалниот економски развој. „Пред една година ја презедов одговорноста да ја водам општината. Знаев дека пред нас има многу работа. Знаев дека има проблеми кои со години чекаат решение, но знаев и дека со сериозна работа, со чесен однос и со одговорно управување можеме да направиме промени. Денес, по нецела една година, сакам пред вас да направам отчет за она што го сработивме“, истакна Јакупоски. Во областа…
Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна била пронајдена при копање во близина на новите гробишта во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил заведен вчераутро во локалната полициска станица, по пријава од терен. „Според информациите на МВР, на 15 октомври 2026 година, во 8:30 часот, во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на локацијата била откриена стара граната“. По пријавата, на местото веднаш преземал мерки стручен тим за отстранување на експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што било утврдено дека станува збор за артилериска граната со…
26-годишен жител на Гостивар бил пријавен за исчезнат откако се оддалечил од семејниот дом, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 16 октомври 2026 година, во 1:20 часот, во ОВР Гостивар, С.Ш. (20) пријавила дека нејзиниот брат Ш.Ш. (26) го напуштил домот на 14 октомври. Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за пронаоѓање на лицето. објави Скопје1.мк
