- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје Т.П.(47) од Скопје пријави дека околу 03:20 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со својата девојка, две лица му побарале пари, а откако не им дал физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М.. Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен…
Вчера во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Охрид оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој предводи висока владина делегација во официјална посета на земјава. Главна точка на состанокот беше потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади. Како што појасни премиерот Мицкоски, разговорите опфатиле серија теми од билатерален интерес, вклучувајќи ги економијата, инфраструктурата, енергетиката и евроинтеграциите, со порака дека односите меѓу Скопје и Загреб се подигнуваат на повисоко ниво. Мицкоски во своето обраќање ја образложи важноста на новиот билатерален документ: „Овој договор е повеќе од дипломатски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави отпочнување на голема теренска акција која ќе ги опфати сите скопски општини. Целта на посетите е директен увид во проектите и остварување средби со локалното население. Како што информираше Ѓорѓиевски, на терен со него ќе бидат присутни и раководните лица на градските јавни претпријатија, со цел брзо решавање на лоцираните проблеми. Тој преку социјалните мрежи ги сподели деталите за оваа иницијатива: „Започнуваме голема теренска посета во сите скопски општини! Почитувани, Скопје се гради со работа, со збор што се исполнува и со гласот на граѓаните. Вашиот глас, вашите потреби и вашите барања се…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека Владата повторно ги коригира економските проекции, при што растот на БДП се намалува од 3,8 на 3,5 проценти, а инфлацијата се зголемува од 2,5 на 4,5 проценти, што, не е техничка корекција, туку доказ за…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, на која главен акцент бил ставен на имплементацијата на реформите и зајакнувањето на капацитетите на полицијата. За време на разговорот, како што информираат од МВР, се дискутирало за клучните аспекти на соработката со Брисел, како и за тековните проекти кои се спроведуваат со европска помош. Министерот Тошковски преку социјалните мрежи упати благодарност до европските партнери за досегашната поддршка: „Остварив средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, на која разговаравме за реформските процеси, унапредувањето на капацитетите на Министерството за…
Опозициската СДСМ преку пратеникот Митко Трајчулески упати остри критики до економските и фискалните политики на Владата, реагирајќи на законското решение за ново задолжување на државата кај комерцијалните банки по скратена постапка. Трајчулески од собраниската говорница посочи дека на седницата не присуствувала министерката за финансии, обвинувајќи за брутално кршење на процедурите и деловникот во законодавниот дом со цел да се изгласа ова задолжување. Според опозицијата, ваквиот чекор е резултат на погрешното буџетско планирање на јавните приходи и расходи, за што, како што рече, претходно алармирал и Фискалниот совет. „Најновите истражувања на ММФ покажуваат дека, поаѓајќи од оптимистичките проекции на јавните приходи…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид и посака добредојде на високата владина делегација од Република Хрватска, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, која престојува во официјална посета на земјава. Како што информираше министерот, за време на официјалните состаноци се отворени повеќе клучни теми од билатерален и меѓународен карактер, со посебен акцент на идните заеднички проекти. Муцунски преку социјалните мрежи ги сподели главните точки од разговорите во Охрид: „Во фокусот на разговорите се продлабочувањето на соработката меѓу двете земји, регионалната соработка и стабилност, европската перспектива на државата и хрватската поддршка на евроинтегративниот процес, партнерството во рамки…
