Author: Author 04

Десетици илјади граѓани го исполнија Плоштадот на независноста во Подгорица за да го гледаат настапот на порториканската ѕвезда во живо, објавија црногорските медиуми. Не само што плоштадот беше исполнет до крај, туку и околните улици и ресторани беа преполни со посетители. Како вовед во музичкиот спектакл, најпрво настапија домашни изведувачи кои ја загреаа атмосферата. Тамара Живковиќ ја отвори церемонијата со песната „Нова зора“, а публиката потоа ја забавуваа Милена Вучиќ и Ненад Кнежевиќ Кнез. Очекувањето го достигна својот врв кога Рики Мартин излезе на сцената, поздравен со овации и громогласен аплауз од воодушевената публика. Ѕвездата на вечерта веднаш им се…

Повеќе

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.“, напиша Филипче на Твитер. Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција?Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите.Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја?Ние не преговараме за фотелји и позиции.Ние…

Повеќе

Најниската температура изутринава во Македонија е измерена на Попова Шапка и Лазарополе, каде се регистрирани шест степени, додека најтопло со 19 степени било во Скопје – Петровец. Според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутринава се измерени 7 степени во Маврови Анови, 9 во Охрид и Битола, а 10 степени во Крива Паланка, Крушево и Претор. Во останатите градови температурите се движеле од 11 степени во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во Велес и 18 степени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад. Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика оптоварување и нарушување на достапноста на системите. Министерот Андоновски истакна дека институциите навремено ја препознале заканата и реагирале координирано, поради што нападот бил ставен под контрола без да биде нарушена безбедноста на податоците. „Напади ќе има. Мора да бидеме будни. Како НАТО членка, мора…

Повеќе

Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има катастрофален личен рејтинг, партија која се распаѓа и нема личен кредибилитет. Токму затоа единствен механизам кој му останува на Филипче е сервилност и слугување на туѓи…

Повеќе

Денешниот ден носи силна ментална динамика и реални можности за поголемиот дел од хороскопските знаци, но астролозите предупредуваат дека успехот ќе зависи исклучиво од реалната проценка на ситуацијата. Погледнете ја деталната прогноза за секој знак посебно: Овен Имате силна ментална енергија и брзи идеи. Може да добиете неочекувана понуда или информација. Во љубовта, не ветувајте повеќе отколку што можете да дадете. Добар ден за разговори и одлуки. Бик Фокусот е на пари и вредности. Може да добиете идеја како да подобрите финансиска ситуација. Во љубовта, не давајте премногу ако не добивате исто. Практичноста ве штити. Близнаци Ова е силен ден…

Повеќе

Православните верници денеска, 22 мај, го одбележуваат летниот Свети Никола, празник кој зазема значајно место во христијанската традиција и народен календар. Овој ден во црквата е посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец. Според преданието, овој ден се поврзува со голем број чуда, а светителот се смета за заштитник на сите оние кои се соочуваат со животни и душевни предизвици. „Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека се случуваат многу чуда од неговите чудесни мошти. Овој светител спасил заробени и изгубени бродови, па затоа се смета за заштитник на морнарите. Затоа морнарите често…

Повеќе

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго ескалира откако револтирана толпа граѓани запали медицински центар за лекување. Како што објавува „Скај њуз“, овој инцидент дополнително ги усложнува и онака тешките напори на терен за ограничување на заразата. Според официјалните податоци на Министерството за здравство на ДР Конго, досега се регистрирани 160 сомнителни смртни случаи. Досега се евидентирани вкупно 670 сомнителни случаи, од кои 61 се официјално потврдени. Податоците будат сериозна загриженост бидејќи вирусот веќе преминува и во соседна Уганда, каде има два потврдени случаи, а се шири и во областите контролирани од бунтовниците. Светската здравствена организација (СЗО) веќе прогласи меѓународна…

Повеќе

Месецот јуни носи серија астролошки пресврти кои значително ќе влијаат врз секојдневието на сите знаци во Зодијакот. Според ѕвездените трендови, претстојниот период за некои ќе донесе финансиски стабилност, додека за други ќе означи клучни животни раскрсници. Погледнете што точно предвидуваат ѕвездите за секој знак поединечно: Овен Јуни бара од вас да го редефинирате начинот на комуникација и да ги изберете вашите дневни битки. Првите три недели од месецот носат клучни преговори, нови договори и бран креативна инспирација што мора веднаш да ја претворите во акција. Сепак, на крајот од месецот, забавете го темпото бидејќи доаѓаат мали недоразбирања во вашиот семеен…

Повеќе

Градоначалникот Тони Коњановски ја извести јавноста дека Општина Битола веднаш стапила во контакт со надлежните државни органи по серијата пријави за појава на мечка во градот и околината. Реакцијата уследи по видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи, а во кое јасно се гледа дивото животно. Коњановски потврди дека се активирани сите безбедносни и инспекциски служби во земјата. „Како градоначалник на Битола и во име на Општина Битола Ве информирам дека во врска со случајот на појава на мечка што можеше да се види на видео споделено на социјалните мрежи, контактирав и ги информирав Центарот за управување со кризи,…

Повеќе