Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ, денеска доаѓа во официјална посета на Македонија.
За време на престојот, Ивановиќ ќе разговара со претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираат од собраниската прес-служба.
Предвидена е и билатерална средба со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

