Почетокот на новите градежни активности за проширување на вакуумската канализациска мрежа во Јурумлери ќе го означи денеска премиерот Христијан Мицкоски, со посетата на Општина Гази Баба.
Станува збор за продолжување на инфраструктурниот проект со кој треба да се подобри системот за одведување на отпадните води во ова населено место.
Од Владата посочуваат дека реализацијата на новата фаза е дел од напорите за модернизација на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за секојдневниот живот на локалното население.

