Времето утре сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштија дека наредните денови следува период на стабилно време со променлива облачност во текот на денот.


