Close Menu
Press24
    Најново

    ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија

    30.10.2026 во 14:39

    72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје

    30.10.2026 во 14:23

    Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел

    30.10.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија
    • 72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
    • Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија

    ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија

    30.10.2026 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе решение со кое го регистрира првиот странец лобист, кој во земјава доаѓа од Австрија.

    Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ на јавна седница информираше дека до нив било доставено барање од физичко лице, државјанин на друга држава, за запишување во Регистерот на лобисти, лоби организации и лобирање, а по проверка на податоците и исполнување на законските услови, лицето без пречки е запишано во Регистерот.

    -Ова е прв случај на странец, државјанин на Австрија, да се запише како лобист во земјава. Лобистот се регистрира за лобирање во областа здравствена заштита, безбедност на храна, труд и социјална политика, економија, внатрешен пазар, занаетчиство, енергетика, заштита на животна средина и ветеринарство, транспорт, телекомуникации, градежно земјиште, буџет и финансии, девизно работење, локална самоуправа и локален економски развој и друго, информираше членот на ДКСК, Бесник Џемаили.

    Во Регистерот на лобисти, лоби организации и лобирање кој го води ДКСК во моментов има три лоби организации и два лобисти, а од денеска и еден лобист странец регистриран согласно актуелниот Законот за лобирање, кој е во фаза на измени и дополнување.

    -Формираната работна група заврши со измените и дополнувањата на Законот за лобирање и оформен е финалниот текст кој ќе биде проследен во владина процедура. Се очекува до крајот на годината измените на законот да бидат донесени, но тоа е во надлежност на Министерството за правда. Суштинска новина во измените на законот е зајакнатата надзорна улога на ДКСК за органите кај кои што се лобира, бидејќи досега немавме регистрирани активности. Позитивно е што се регистрираат лобисти вклучувајќи и странец како физичко лице, но ние сакаме да имаме и пријавени активности на лобистите и лоби организациите, како и од органите кај кои се лобира, изјави за МИА, Софија Спасова Медарска, членка на ДКСК.

    Членовите на ДКСК денеска разгледаа 63 предмети од надлежност на Комисијата поднесени од познато или непознато лице, како и по сопствена иницијатива, а во три случаи ДКСК предметите ќе ги достави на постапување во Јавното обвинителство.

    Прочитај повеќе

    72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје

    30.10.2026 во 14:23

    Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел

    30.10.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.