Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:35

    Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

    30.10.2026 во 13:28

    Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

    30.10.2026 во 13:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата очекува повратен одговор од студентите за предлогот за измена на моделот на субвенционираниот студентски оброк, откако на двочасовна средба биле разгледани и тоа прашање, но и прашањето за полагањето на правосудниот испит и можните решенија за него.

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на општина Гази Баба, рече дека на средбата со студентите им бил образложен владиниот предлог за студентскиот оброк, за кој, според него, и студентите се согласиле дека е подобро решение од актуелниот модел.

    – Имавме конструктивна средба која траеше два часа. Ние им го објаснивме предлогот што го има Владата и цениме дека тој предлог е многу подобро решение од тоа што сега го имаат, за што и тие се согласија. Сега чекаме повратен одговор. Ни беше ветено дека истиот ден, до вечерта, ќе добиеме драфт-верзија на тоа што тие ќе го комуницираат со колегите. Не ја добивме. Денеска е втор ден и се надевам дека ќе ја добиеме, изјави Мицкоски.

    Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата „М.услуги“, им преложила Владата на претставниците на студентските парламенти, кои завчера се сретнаа со премиерот Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и други владини претставници.

    Мицкоски вчера на седницата за пратенички прашања во Собранието истакна дека Владата предложила нов модел со кој средствата би се зголемиле од сегашните 3.500 на 4.500 денари месечно, а студентите би можеле да ги користат преку посебна услуга во апликацијата „М.услуги“. Според предлогот, во системот би биле вклучени ресторани, маркети, млечни ресторани и други оператори кај кои студентите би можеле да купуваат храна и пијалаци, како вода, јогурт и кисело млеко.

    Тој вчера објасни дека со системот би се овозможило средствата да се користат за нивната намена, односно за студентски оброк, а не за други производи. За таа цел, како што рече, би се користела и вештачка интелигенција вградена во апликацијата. Дополнително, Владата би преговарала со трговците за студентите да добиваат попусти при купувањето храна, дури и кога ќе ја потрошат месечната субвенција.

    Во однос на полагањето на правосудниот испит, Мицкоски денеска посочи дека решението што го изнело Министерството за правда е предлогот што го изработила Владата, оценувајќи дека досега немало конкретна иницијатива за надминување на ова прашање.

    Според Мицкоски, владиниот предлог, кој треба да биде доставен до Венецијанската комисија, треба да овозможи полагање на испитот на јазикот на кој е завршено високото образование, односно остварување на правото на користење на мајчиниот јазик, но истовремено и почитување на принципот на владеење на правото.

    -Решението што го нудиме е решение кое од една страна нуди задоволување на правото да се полага испитот на јазикот на кој е завршено високото образование, односно правото на својот мајчин јазик, а од друга страна да имаме владеење на правото, затоа што принципот „франка лингва“, односно еден јазик во правосудството, е практично главната препорака во мислењето што го дава Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

    30.10.2026 во 13:22

    Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој

    30.10.2026 во 12:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.