Close Menu
Press24
    Најново

    Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка

    30.10.2026 во 13:48

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:35

    Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

    30.10.2026 во 13:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка

    Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка

    30.10.2026 во 13:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција соопшти дека партијата има информации од свиркачи според кои институции, нивни вработени и компании што добиваат тендери биле усно принудувани да работат преку Алта банка.

    „Во меѓувреме, ова е крајно сериозен податок: преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка“, истакна Жерновски.


    Тој побара премиерот Христијан Мицкоски да одговори на овие наводи, предупредувајќи на сериозните последици доколку тие се потврдат.


    „Ако е тоа така, а ќе се докаже дека е така, бидејќи ако не излезе Мицкоски, ќе ги добиеме тие информации. Тоа значи дека Македонија е директно инволвирана во оваа криминална мрежа со криминални пари и затоа не може понатаму да се молчи на ова прашање“, рече Жерновски.


    Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ ги повика Мицкоски и гувернерот Трајко Славески да објаснат што се случува со банката и со трансферите на пари, посочувајќи ја нивната одговорност за нејзиниот влез во државата.


    „Да не заборавиме дека влезот на Алта банка во Македонија е со знаење, со одобрување и со одлука токму на Мицкоски и на Трајко Славески и затоа тие се најповикани да одговорат што се случува денеска, бидејќи одговорот на тоа прашање го очекуваат не само нашите граѓани, туку го очекуваат сите и во регионот. Но тука упорно се молчи“, нагласи тој.


    Жерновски се повика и на информации од Србија за трансфери од над 50 милиони евра од централата на Алта банка во Белград кон Алта банка Македонија.


    „Верувале или не, според последните информации коишто доаѓаат од соседна Србија, од централата на Алта банка во Белград се префрлаат фрапантни над 50 милиони евра во Алта банка Македонија“, посочи Жерновски.


    Тој го критикуваше молкот на надлежните институции и побара одговори за потеклото и движењето на парите.


    „Гледаме молк, што е исто така многу страшно, и од гувернерот Трајко Славески. Гледаме молк и од обвинителството и затоа денешната прес-конференција е крајно сериозна“, рече Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

    30.10.2026 во 13:28

    Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    30.10.2026 во 13:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.