Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во населба Илинден, во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта.

Со предвидените градежни активности на терен се планира проширување на постоечкиот коловоз и целосно поставување нов асфалтен слој во должина од околу 110 метри.

Од локалната самоуправа посочуваат дека со реализацијата на овој проект ќе се подобрат сообраќајните услови, ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе се овозможи полесен пристап за жителите од овој дел на населеното место.

Општина Илинден најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.


