Најниска утринска температура од -4 степени е измерена во Берово, додека најтопло до 8:30 часот утрово било во Гевгелија со измерени 7 степени.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринава се измерени -1 степен во Крива Паланка, 0 во Струмица и Крушево, 1 степен во Штип, Охрид, Маврови Анови, Тетово, Претор и Демир Капија, 2 во Битола, Прилеп и Виница, 4 во Кавадарци и Куманово, како и 5 степени во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид. Во Велес се измерени 6 степени.
Во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, беа регистрирани и мали количини на врнежи, односно 2 литри на метар квадратен дожд во Струмица, Штип и Кавадарци, како и 1 литар во Скопје – Зајчев Рид.
Времето денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во државата ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер, каде што максималната температура ќе достигне до 16 степени.

