Author: Author 04

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ.Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува.Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред…

Повеќе

Министерот за транспорт, Александар Николоски, денеска преку социјалните мрежи информираше за одржаната меѓувладина седница меѓу Македонија и Хрватска во Охрид. На средбата станало збор за клучните проекти и области во кои двете држави планираат да го засилат партнерството во наредниот период. Николоски на својот официјален профил ги соопшти деталите од разговорите: „ Денес во Охрид одржавме меѓувладина седница помеѓу Македонија и Хрватска. Како две пријателски држави разговаравме за продлабочување на нашето пријателство и зголемување на соработката во следниот период во делот на транспортот, infrastructure, економијата и европските интеграции. Хрватска е силен партнер на Македонија во НАТО и Европската Унија.“ Средбата…

Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Потпишувањето беше реализирано во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Официјалниот дел од посетата донесе и потпишување на Договор меѓу Владата на Хрватска и на Македонија за стратешка соработка, кој беше парафиран од двајцата премиери, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ. Активностите во Охрид беа заокружени со Бизнис форум каде пред…

Повеќе

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, за време на денешната официјална посета на земјава, даде позитивна оценка за македонскиот напредок во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, но посочи дека спорот со Софија останува главна пречка. На заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, хрватскиот премиер истакна дека се очекуваат првите чекори по завршувањето на изборите во Бугарија. „Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и нов премиер, господинот Радев, па ги очекуваме првите контакти, првите чекори што ќе ги направите на тоа ниво. Го следиме дијалогот што го имавте на министерско ниво и ќе настојуваме…

Повеќе

Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Батинци -с.Маркова Сушица, општина Студеничани, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., удрило во пешакот И.М.(65) двајцата од с.Цветово, општина Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје Т.П.(47) од Скопје пријави дека околу 03:20 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со својата девојка, две лица му побарале пари, а откако не им дал физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М.. Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен…

Повеќе

Вчера во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат  Штип-Делчево, во близина на место викано  „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Охрид оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој предводи висока владина делегација во официјална посета на земјава. Главна точка на состанокот беше потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади. Како што појасни премиерот Мицкоски, разговорите опфатиле серија теми од билатерален интерес, вклучувајќи ги економијата, инфраструктурата, енергетиката и евроинтеграциите, со порака дека односите меѓу Скопје и Загреб се подигнуваат на повисоко ниво. Мицкоски во своето обраќање ја образложи важноста на новиот билатерален документ: „Овој договор е повеќе од дипломатски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка…

Повеќе