Author: Author 04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека до крајот на оваа година системот „Безбеден град“ ќе биде целосно имплементиран на територијата на цела држава. Според него, секој граѓанин заслужува да живее во побезбедна средина, а првичните резултати веќе покажуваат напредок во сообраќајната безбедност. Министерот појасни дека проектот се реализира етапно и дека секој град се приклучува веднаш штом ќе се исполнат техничките предуслови. „Како што се создаваат техничките услови на локално ниво, системот веднаш се става во функција. Нема да се чека истовремена имплементација во сите градови“, истакна Тошковски. Тој се осврна и на актуелната состојба на пазарот на…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и оддаде почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Филипче во објава на социјалните мрежи порача дека војната што се случи во 90-тите години никогаш не семее да се повтори и треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда. „Денеска во Кавадарци, положив цвеќе и оддадов почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го пушти во употреба вториот дел од приземјето од реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, сместено во зградата на МТВ. Со завршувањето на оваа фаза, целосно е ставена во функција нова, модерно опремена шалтер сала со над 10 шалтерски позиции, како и дополнителни канцеларии за вработените, санитарни јазли и кујна, но и посебен простор за чување и складирање на досиеја и материјали од трајна вредност. Во почетниот период, во рамки на новата шалтер сала ќе се обезбедуваат услуги поврзани со постапките од областа на возилата, вклучително и шалтер „Безбеден град“, наменет за…

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска откри сериозни нерегуларности во работата на Славјанскиот универзитет, кои резултирале со поништување на две дипломи. Според неа, утврдени се случаи каде биле полагани по 14 или 17 испити во само една сесија, како и правење на несоодветни еквиваленции на кредитите. Еден од највпечатливите пропусти е пронајдена диплома од 2016 година, која содржи печат со новото уставно име на државата, иако тоа е променето две години подоцна. „Диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018…

Повеќе

Подигнување на свеста за значењето на знаењето и улогата на наставниците беше главната цел на денешната панел-дискусија „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“, организирана во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека Владата планира воведување на вештачката интелигенција (ВИ) во секојдневниот живот на учениците, но со голем претпазливост. „Денешната тема е вештачката интелигенција (ВИ) и наша цел како Влада и како МОН е да ја воведат во секојдневниот живот на учениците и наставниците, но исклучително внимателно со користење на етичките принципи затоа што секоја нова технологија…

Повеќе

СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во с.Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му упатувал ѝ закани со автоматска пушка.

Повеќе

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти. „Криминалната шема е разоткриена на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг…

Повеќе

Над 1000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, вклучува повеќе панел-дискусии и тематски сесии, а фокусот е ставен на трансформацијата на професијата во услови на засилена дигитализација, новите регулаторни барања и зголемена потреба од доверба и транспарентност. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите како двигатели…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.У.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.03.2026 во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со своето патничко возило удрил во три лица и им нанел повреди.

Повеќе

СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против А.П.(43) од Радовиш поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 28.04.2026, пријавениот А.П., судски полицаец од Основен суд Радовиш, кој бил на работно место, упатил закани кон јавна обвинителка.

Повеќе