Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26

    Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците

    30.10.2026 во 18:23

    Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027

    30.10.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
    • Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
    • Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
    • Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
    • Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места
    • Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна
    • Организирале протести преку Телеграм, повикувале на грабежи и вандализам – апсења во Шпанија
    • Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“, посочувајќи дека студентите престојуваат во современ и реновиран објект, а евентуалните технички недостатоци ќе бидат отстранети навремено од изведувачот, со оглед дека објектот е под гарантен рок.

    Јаневска денеска изврши непосреден увид во домот, откако претходно беа поканети медиумите, но и претставници на политичката партија СДСМ, кои не се одзваа на поканата. При посетата на домот, министерката порача дека тврдењата за рушење ѕидови, протекување покриви и други сериозни недостатоци не одговараат на реалната состојба.

    „Денес видов дека СДСМ држеше прес. Партијата синоним за лицемерство, рече дека е со студентите. Еве како СДСМ во негово време беше со студентите. Живееја во ужасни услови во домовите. Сега е сосема поинаку, оваа Влада навистина се грижи за младите. Имавте можност да влезете во домот и да видите“, изјави Јаневска.

    Министерката нагласи дека студентскиот дом „Стив Наумов“ е реконструиран од австриска компанија во соработка со Европската Унија и дека европските претставници при посетите го оценија како еден од најмодерните на Балканот.

    „Не само ние туку и европретставниците потврдија дека ова е еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот, а во споредба и со некои други земји пошироко“, истакна министерката.

    Во однос на забелешките за одредени технички недостатоци, Јаневска рече дека кај новоизградени објекти може да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачката компанија ќе мора да ги отстрани сите утврдени дефекти.

    „Дали може да се случи некаков инцидент? Да, може да се случи, домот е нов и стан кога купуваат граѓаните, може да се случи нешто да не е баш како што треба. Домот е под гаранција, фирмата е позната, сè што треба да поправи ќе се поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покириви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте“, изјави таа.

    Министерката апелираше до семејствата на студентите да не подлегнуваат на обидите на политичките партии и други злонамерници да ги вознемируваат со информации дека нивните деца се сместени во небезбедни услови.

    „Децата им живеат во убави услови кои досега ги немало во оваа земја и ќе продолжат во исти такви услови да живеат. Доколку имаат каква било забелешка за живеењето во домот, ние тоа ќе го поправиме“, рече Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците

    30.10.2026 во 18:23

    Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027

    30.10.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.