Од Електродистрибуција информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (15 октомври 2026 година) без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Во општина Кисела Вода, прекин на електричната енергија ќе има на улицата Партизански пат 2, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
Во општина Ѓорче Петров, без струја ќе биде дел од селото Орман, односно улицата 2, во периодот од 09:00 до 15:30 часот.

