Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Собранието: Владата работи на деблокирање на евроинтеграциите
    • Вештакот Русески тврди дека во „Пулс“ немало реконструкција туку занаетчиски зафати, родителите револтирани
    • 3.5 °C измерени во 14 часот – УХМР соопшти каде е најладно попладнево
    • Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите
    • Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема на сила носење план, во постапката за Водно се намалува градењето за 33 проценти
    • Скопјанка преживеала хорор: „Кога се вратив, вратата беше разбиена и блокирана со стол, внатре имаше лице кое ме нападна и побегна со парите“
    • Со компјутерска измама бесплатно користил паркинг во Тетово – уапсен 22-годишник од Мала Речица
    • Суспендиран полицаец – пукал на плоштад во Кратово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема на сила носење план, во постапката за Водно се намалува градењето за 33 проценти

    Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема на сила носење план, во постапката за Водно се намалува градењето за 33 проценти

    14.10.2026 во 14:494 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите појасни дека постапката за изработка на нов Детален урбанистички план за „Барутана“ е започната согласно законските обврски на Општината, откако претходниот план беше укинат од Уставниот суд во 2025 година.

    Тој истакна дека во јавноста се создала непотребна фама околу нацрт-планот, без притоа да се направи разлика меѓу законската обврска за спроведување на постапката и конечната одлука за донесување на планот.

    „Се крена голема фама во јавноста, а она што треба да го знаат граѓаните е дека ние имаме законска обврска да ја започнеме постапката за изработка на нов ДУП. Согласно член 23 став 2 од Законот за урбанистичко планирање, по укинувањето на претходниот план од Уставниот суд, Општината е должна да започне постапка за изработка и донесување нов план, со законски предвиден рок од 18 месеци. Но, тоа што сме ја започнале постапката и што нацрт-планот поминува низ законските процедури, воопшто не значи дека тој ќе биде донесен во предложената форма. Токму затоа постојат јавните анкети, стручните мислења и сите законски механизми преку кои се разгледуваат забелешките“, истакна Герасимовски.

    Градоначалникот нагласи дека со предложениот нацрт-ДУП не се предвидува урбанизација на нови површини, туку уредување на простор кој веќе е опфатен со постојната планска документација.

    „Ова не е нов градежен реон. За овој простор постои планска документација на ниво на детален план уште од 2002 година, а со Генералниот урбанистички план од 2012 година, локалитетот „Барутана“, во рамки на градската четврт Ј05, е утврден како дел од градежниот реон. ГУП-от ги поставува основните параметри, а Општината има обврска да ги почитува при изработката на деталните урбанистички планови“, објасни Герасимовски.

    Тој посочи дека предложениот нацрт-план, во споредба со претходната планска документација, предвидува значително намалување на дозволениот обем на градење.

    „Наместо досегашните 43.429 квадратни метри, со нацрт-планот се предвидуваат 29.459 квадратни метри за домување, што претставува намалување од 33 проценти. Максималната изграденост се ограничува на 40 проценти од парцелата, зелените површини се зголемуваат на 40 проценти, а се дозволува само едно подземно ниво. Тоа се значително порестриктивни услови од претходните“, рече Герасимовски.

    Градоначалникот објасни дека во претходните детални урбанистички планови не постоело ограничување на бројот на подземни нивоа, што во одредени случаи овозможувало нивна злоупотреба.

    „Имавме ситуации во кои подземните нивоа, наместо за паркирање и помошни простории, практично се користеа како дополнителни катови. Со новиот нацрт-план се предвидува само едно подземно ниво, а доколку тоа е отворено од повеќе страни, се пресметува како надземен кат. Целта е да се спречат ваквите практики и да се воспостават јасни правила“, истакна тој.

    „Не можеме да дозволиме урбанизмот да се сведе на непланско и хаотично градење. Особено кога станува збор за Водно, мора да бидеме внимателни и да ги земеме предвид сите аспекти, од безбедноста на теренот до заштитата на животната средина. Нашата цел не е по секоја цена да донесеме план, туку да најдеме законски издржано и безбедно решение“, посочи градоначалникот.

    Тој информираше дека Комисијата за урбанизам на Град Скопје дала позитивно мислење за усогласеноста на нацрт-планот со Генералниот урбанистички план, а во постапката се вклучени и другите надлежни институции и комунални претпријатија.

    Воедно, Герасимовски посочи дека по забелешките добиени во првата јавна анкета ќе се организира и втора јавна анкета, по што планот повторно ќе биде доставен на разгледување до надлежните институции, меѓу кои Град Скопје и Министерството за транспорт.

    „Сакам граѓаните да бидат спокојни. Ништо не е однапред одлучено и ништо нема да се носи на сила. Постапката мора да се води согласно закон, но тоа не значи дека секој предложен план мора и да биде усвоен. Сите забелешки ќе бидат разгледани, а за Водно ќе се бара решение кое ќе биде законско, безбедно и во интерес на граѓаните“, порача Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Ѓорѓиевски и колегите градоначалници повторно ги засукаа ракавите – илјадници луѓе го чистеа Скопје

    14.10.2026 во 12:35

    Герасимовски: Нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да оди на Совет без законско и безбедно решение за сите прашања

    14.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.