Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФБИ и МВР разбија сајбер-мрежа во Македонија: 20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија
    • Ѓорѓиевски на одбележувањето на 59 години МАНУ: Градот го уредува просторот околу Академијата достојно за нејзиното значење
    • Утре ќе нема струја до 15:30 часот – проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Тошковски на состанокот на УНОДЦ: Трговијата со луѓе не познава граници, одговорот мора да биде одлучен и организиран
    • Мицкоски од Собранието: Владата работи на деблокирање на евроинтеграциите
    • Вештакот Русески тврди дека во „Пулс“ немало реконструкција туку занаетчиски зафати, родителите револтирани
    • 3.5 °C измерени во 14 часот – УХМР соопшти каде е најладно попладнево
    • Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФБИ и МВР разбија сајбер-мрежа во Македонија: 20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија

    ФБИ и МВР разбија сајбер-мрежа во Македонија: 20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија

    14.10.2026 во 15:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Успешна заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, кривична пријава против 20-годишник од Тетовско

    Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал.

    Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, соопшти МВР.

    „Акцијата е резултат на првично добиени информации од ФБИ, по што следувала заедничка, координирана истрага насочена кон откривање и сузбивање на криминалните активности поврзани со нелегалниот онлајн пазар „OLVX“.

    Според обезбедените докази, пријавениот во периодот од 2023 до 2025 година бил администратор на домени и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела.

    Главни корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви. Во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни акредитиви.

    Истрагата дополнително утврдила дека во периодот од 2025 до 2026 година пријавениот администрирал и нелегална онлајн група под името „ONEMILI“ на комуникациската апликација „Телеграм“. Преку оваа група биле нудени услуги и софтверски алатки за извршување компјутерски криминал, вклучително и измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

    Дополнително, обезбедени се докази дека пријавениот преку апликацијата „Телеграм“ набавувал и поседувал за себе материјали со сексуална злоупотреба на деца.

    Оваа операција претставува прва заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ, потврдувајќи го значењето на меѓународната полициска соработка во откривањето и сузбивањето на современите форми на организиран компјутерски криминал“, стои во соопштението од МВР.

    Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, останува цврсто посветено на борбата против сајбер-криминалот, заштитата на личните податоци и безбедноста на граѓаните во дигиталниот простор.

    Успешната соработка со ФБИ претставува значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите за справување со транснационалниот компјутерски криминал и испраќа јасна порака дека дигиталниот простор не смее да биде засолниште за криминални активности.

    Прочитај повеќе

    Скопјанка преживеала хорор: „Кога се вратив, вратата беше разбиена и блокирана со стол, внатре имаше лице кое ме нападна и побегна со парите“

    14.10.2026 во 14:43

    Со компјутерска измама бесплатно користил паркинг во Тетово – уапсен 22-годишник од Мала Речица

    14.10.2026 во 14:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.