Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата правеше чистка – казнети над 1.800 велосипедисти и мотоциклисти
    • Сопруг и сопруга од Кочани паднаа во рацете на полицијата – дома имале дрога
    • Тимот „Task force“ во акција: Уапсен кавадарчанец по претрес на неговиот дом
    • Тело на 21-годишник пронајдено врзано во река, неговиот телефон довел до апсење: Ужасен злостор го потресе Балканот
    • Драма на автопатот: Куршум од огнено оружје погоди амбулантно возило – повреден медицински работник во Хрватска
    • Путин најави воспоставување безбедносна зона од 660 километри
    • Трагедија во САД: Вооружен 16-годишник уби три деца и наставник пред да биде ликвидиран од родител
    • Уживајте во сонцето уште некој ден – Какво време не очекува следната недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата правеше чистка – казнети над 1.800 велосипедисти и мотоциклисти

    Полицијата правеше чистка – казнети над 1.800 велосипедисти и мотоциклисти

    17.10.2026 во 12:592 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли – во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли

    Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, соопштија од МВР.

    „При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

    Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

    Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

    Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

    За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

    Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“, стои во соопштението од МВР.

    Прочитај повеќе

    Сопруг и сопруга од Кочани паднаа во рацете на полицијата – дома имале дрога

    17.10.2026 во 12:51

    Тимот „Task force“ во акција: Уапсен кавадарчанец по претрес на неговиот дом

    17.10.2026 во 12:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.