Русија започна со воспоставување „безбедносна зона“ долж нејзината граница со Украина, која нема да биде дел од какви било идни преговори со Киев, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
За време на посетата на еден од командните пунктови, Путин посочи дека оваа операција претставува директен одговор на украинските упади во рускиот регион Курск.
Руските вооружени сили имаа задача не само да го протераат непријателот од нашата територија, туку и да воспостават безбедносна зона во соседната област. „Оваа задача успешно се извршува“, рече Путин во телевизиско обраќање.
Тој потенцираше дека главниот фокус на Москва е трајно обезбедување на граничната линија.
„Нашата цел е да обезбедиме апсолутна безбедност на граничните региони на Русија во иднина и не планираме да дозволиме ова да биде предмет на какви било мировни преговори со Украина“, додаде Путин.
Пополнителни детали околу обемот на оваа операција изнесе и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека планираната безбедносна зона ќе се протега на должина од 660 километри, од кои 70 проценти во моментов се наоѓаат под контрола на руските сили.

