Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема акција на АХВ во Струга и Охрид: Запленети над 1.000 килограми забрането месо
    • Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад
    • УХМР со најнови податоци – во 11 часот измерени само 2 степени во Македонија
    • Полицијата пронајде стаклен сад со опојна дрога при претрес во дом во Струга: Приведен 41-годишник
    • Затекнати на дело во Струшко: Двајца жители на Подгорци уапсени за илегална сеча на бука
    • Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје
    • Земјотрес ја потресе Македонија
    • Дневен хороскоп: Бикот да избегнува непланирани трошоци, Девицата да се одмори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема акција на АХВ во Струга и Охрид: Запленети над 1.000 килограми забрането месо

    Голема акција на АХВ во Струга и Охрид: Запленети над 1.000 килограми забрането месо

    17.10.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени биле 1.000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник.

    Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции.

    Како што информира АХВ, спроведените контроли во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.

    -Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето – можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Прочитај повеќе

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    17.10.2026 во 11:36

    УХМР со најнови податоци – во 11 часот измерени само 2 степени во Македонија

    17.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.