Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на изминатата ноќ на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Според неофицијални информации кои ги објави порталот „Вечер“, во сообраќајната несреќа имало и жртви, но засега нема официјална потврда за ваквите тврдења.
Од Министерството за внатрешни работи и надлежните служби повеќе детали и официјални информации за настанот се очекуваат во текот на денешниот ден.

