Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство

    05.11.2026 во 12:19

    Температурите паѓаат под нулата, потоа следува пресврт: Какво време нè очекува до средината на неделата

    05.11.2026 во 12:09

    Утре уште во 4:30 ќе снема струја – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    05.11.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство
    • Температурите паѓаат под нулата, потоа следува пресврт: Какво време нè очекува до средината на неделата
    • Утре уште во 4:30 ќе снема струја – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија
    • Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО
    • Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот соработник
    • Фатен на дело додека крадел дрва од државна шума: Жител на Подгорци заработи кривична
    • Кривична пријава за дебранец: Со закани и следење се обидел да спречи службеници во преземање деловен објект
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство

    ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство

    05.11.2026 во 12:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција.

    Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека Зоран Заев бил еден од пријателите што му помогнал додека беше во бегство, за што и му е многу благодарен.

    Трифуновски е човек кој, првично, е осуден на казна затвор за прободување на поранешен директор на охридски Водовод, според јавно достапните информации, поради претходно нерасчистени сметки поврзани со тендер.

    Истиот овој Трифуновски кој сега е награден со висока партиска позиција во СДС, со доаѓањето на партијата на власт Заев и неговите полуги во судско обвинителскиот систем е ослободен од обвинение.

    И ова не е се, откако го ослободија од кривична одговорност за тешкото обвинение, во 2023 година владата на СДС го назначува за директор на МЖ Инфраструктура.

    Со вакви контроверзни кадри, лица со криминални досиеја, под директна команда и лица кои го воспеваат Заев, СДС и Венко Филипче сакаат да им се понудат на македонските граѓани како нови лица во македонската политика.

    Затоа и се таму каде што се, на маргините и дното на политичката сцена, со слаб рејтинг на прагот на статистичка грешка, трета партија во државата, петта во градот Скопје и со голема недоверба од граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија

    05.11.2026 во 11:50

    Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО

    05.11.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.