Еден повреден и еден приведен е епилогот од масовна тепачка помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички пред почетокот на натпреварот помеѓу тимот на Скопје (поранешно Маџари) и Работнички во СЦ „Јане Сандански“.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош е однесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Според неофицијални информации на Press24, во тепачката утребено и ладно оружје.
Од полицијата, пак, официјално велат дека членови на навивачката група „Фемили“, на МЗТ Скопје се упатиле кон поголема група навивачи на Работнички. Запалиле пиротехника и ги нападнале.
-Вечерва околу 18:55 часот во СВР Скопје пријавено е дека од ул.”Васко Карангелески” во Скопје повеќе лица членови на навивачката група “Фемили” се упатиле во правец кон спортската сала “Јане Сандански”, каде претходно биле присутни група од околу 50 лица навивачи на КК “Работнички”, кои чекале влез на спортскиот натпревар. Во еден момент помала група од навивачката група Фемили која се движела од ул.”Васко Карангелески” запалиле пиротехнички средства и се доближиле до другата група каде со употреба на физичка сила ја нападнале групата на Работнички, по што се одалечиле во различки правци, појаснуваат од МВР.
Инцидентот не го одложи натпреварот помеѓу двете скопски екипи. Во СЦ „Јане Сандански славеа кошаркарите од Центар со 89:79 во натпреварот со Скопје.
Д.В.

