Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ѓ.(21), Г.З.(23), А.Д.(46), И.Ц.(25) сите од Скопје и Е.О.(19) со престојувалиште во Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, соопшти МВР.
„На 16.10.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Ресен на ул.„Корчуланска” го лишија од слобода А.Ф.(19) од с. Покрвеник, ресенско бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 16.10.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул.„Прилепска” во Битола го лишија од слобода М.Ј.(35) од с. Крушеани, општина Кривогаштани. При прегледот кај него била пронајдена грутчеста материја.
На 16.10.2026 на улицата „Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е А.С.(23) од струшкото село Ливада. При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.
На 15.10.2026 во 23:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.А.(32) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител“, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

