Author: Author 04

На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(30), М.Д.(40), В.Г.(37), сите од Скопје, К.Б.(24) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, и го зел…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и…

Повеќе

Утрово во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал.  Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Повеќе

Утрово во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила  Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Утрово околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид  и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Ноќеска околу 02:30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници ги приведоа Н.М.(26), Д.М.(22), Ј.П.(22), Б.М.(21), С.М.(52), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Повеќе

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно осум пријави во последното деноноќие На 23.05.2026 во 19:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. На 23.05.2026 во 23:35 часот ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Ќ.А.(43) од кичевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 22-годишна поранешна партнерка дека околу 21:42 часот во Кичево физички ја нападнал. На 23.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно во Велес, Тетово, Кавадарци. Едно лице во Скопје управувало возило со активна мерка забрана за управување со возило. Едно лице во гостиварско управувало возило со брзина поголема од дозволената,…

Повеќе