Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Серија апсења низ Македонија

    17.10.2026 во 13:54

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноќни сообраќајни контроли во Скопје: Мортус пијани „паѓале“ во раце на полицијата
    • Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица
    • Голема полициска акција низ Македонија – приведени 25 возачи
    • Какво време не очекува утре и во текот на неделата – доаѓа пресврт
    • Двајца се обиделе да избегаат преку ГП Блаце, по што биле запрени, третиот избегал во Косово – ОЈО со детали за обидот за убиство во Скопје
    • Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали
    • 35-годишник со „бмв“ прегазил пешак во Липково
    • Тинејџерка од Куманово со „ауди“ излетала од пат, тешко повредена сопатничката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ноќни сообраќајни контроли во Скопје: Мортус пијани „паѓале“ во раце на полицијата

    Ноќни сообраќајни контроли во Скопје: Мортус пијани „паѓале“ во раце на полицијата

    18.10.2026 во 16:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со посебен акцент на откривање и санкционирање возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол, сооштија од МВР.

    При контролата откриени се осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои тројца се лишени од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 ‰.

    Дополнително, од слобода е лишено уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, затоа што управувало моторно возило без возачка дозвола.

    Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

    Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

    Од МВР апелираат до сите возачи и учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол и со своето одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица

    18.10.2026 во 15:50

    Голема полициска акција низ Македонија – приведени 25 возачи

    18.10.2026 во 15:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.