Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски за пофалбите од ФБИ: Македонската полиција е доверлив партнер во борбата против сајбер-криминалот
    • Серафимовски од Струмица: Финансиска поддршка и мерки за економско зајакнување на жените во руралните средина
    • Мицкоски: Се разгледува можноста за рестартирање на рафинеријата „Окта“
    • Не им се веруваше дека е вистина: Сите се чудат на изгледот на новата амбасадорка на Трамп
    • Сали на средба со новиот грчки амбасадор: Фокус на прекуграничната соработка, Маркова Нога и гасниот интерконектор
    • Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги околу случајот со Михаилова
    • (ФОТО) Скопјанец дома чувал 158 куршуми и две пушки
    • Во очи ви кажувам, и Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски за пофалбите од ФБИ: Македонската полиција е доверлив партнер во борбата против сајбер-криминалот

    Тошковски за пофалбите од ФБИ: Македонската полиција е доверлив партнер во борбата против сајбер-криминалот

    15.10.2026 во 13:161 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното признание од Федералното истражно биро (ФБИ) за резултатите на македонската полиција е потврда дека посветеноста, професионалноста и меѓународната соработка даваат конкретни резултати, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук.

    Осврнувајќи се на успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, Тошковски истакнува дека случајот ги потврдува оперативните капацитети на македонската полиција во борбата против транснационалниот сајбер-криминал.

    – Успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, покажува дека македонската полиција има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер во борбата против транснационалниот сајбер-криминал – наведува Тошковски.

    Тој вели дека е горд за работата на полициските службеници кои учествувале во акцијата, нагласувајќи дека нивната стручност и посветеност се клучни за постигнатиот успех.

    – Особено сум горд на нашите полициски службеници, чија стручност и посветеност стојат зад овој успех. Ова признание е за нив. А наша обврска е да продолжиме да ги зајакнуваме капацитетите на македонската полиција и да ја оправдуваме довербата на нашите меѓународни партнери – посочува Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Серафимовски од Струмица: Финансиска поддршка и мерки за економско зајакнување на жените во руралните средина

    15.10.2026 во 13:07

    Мицкоски: Се разгледува можноста за рестартирање на рафинеријата „Окта“

    15.10.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.